Страшниот суд (Микеланџело): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
 
Изработката на фреската траела четири години помеѓу [[1536]] и [[1541]] година (подготовката на олтарниот ѕид започнала во [[1535]] година). [[Микеланџело]] започнал да работи на проектот дваесет и пет години откако го завршил таванот на Систинската капела и бил речиси 67 години кога го завршил. „Страшниот суд“ започнал во времето на [[папа Климент VII]], но бил завршен во времето на [[папа Павле III]].
 
Христос се наоѓа во средината, и тој гледа како ги раздвојува праведните од десната рака и грешниците од левата страна. Под него лево се грешниците, како и демоните, кои ќе ги мачат засекогаш. На десната страна се гледаат праведниците кои се искачуваат од своите гробови со помош на ангели за да живеат вечен живот на небото.
 
Веднаш до Христос е [[Ева]], а околу него се светци, од кои повеќето умреле од маченичка смрт. Мачениците се насликани заедно со уредите кои ја предизвикале нивната смрт. [[Света Екатерина]] носи дел од тркалото, бидејќи била распната на тркало; [[Лаврентиј Римски]] ја држи решетката на која тој бил испечен жив; [[Свети Себастијан]] има стрели бидејќи неговото тело било прободено со стрела до смрт; [[Апостол Вартоломеј|Свети Вартоломеј]] ја држи сопствената кожа.