Дебар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с fix homoglyphs: convert Cyrillic characters in [А]cta to Latin
Ред 72:
===Потекло и значење на името Дебар===
[[Податотека:Debrani begstvo od balistite.jpg|мини|лево|220п|Бегство на Дебрани од налетот на Балистите во 1942 година]]
Името на градот ''Дебар'' е од [[Македонци|македонско]] потекло, односно со потекло и значење од [[Македонски јазик|македонскиот]], [[словенски јазици|старословенскиот и другите словенските]] јазици. На [[старословенски јазик]] именката ''дебар (дьбръ)'' означува ''долина, котлина''<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - АctaActa Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во [[Македонија]] постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката ''дебар'' како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина [[Дебарца]] во [[Општина Дебарца|Охридско]], селата [[Дебреше]] (Гостиварско), [[Дебреште]] (Прилепско), [[Дебриште]] (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село [[Доброште]] се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - АctaActa Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, со една заедничка карактеристика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот ''дебрина, дебрини'' за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) ''дебар'' е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - АctaActa Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините [[Дешат]], [[Стогово]] и [[Јабланица]], а воедно и предел каде се составуваат долините на реките [[Радика]] и [[Црн Дрим]], со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.
 
== Население ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебар