Рок-музика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с fix homoglyphs: convert Cyrillic characters in [Т]he to Latin
Ред 203:
Големата популарност на рок-музиката низ целиот свет имаше големо влијание врз општеството. Рокенролот имаше многу силно влијание врз секојдневниот живот, модата, однесувањето и јазикот во споредба со другите социјални случувања. Како што создреваа оригиналните генерации на рокенролот фановите , музика стана прифатлив и докажан дел на популарната култура. На почетокот на 1970-тите години, рок песните и изведувачите почнаа да се појавуваат на неколку телевизиски реклами ,а со текокот на времето оваа начин на презентирање стана широко распространет. Почнувајќи од 1980-тите години рок-музиката често беше присутна во филмовите и тв програмата.
Многу рокенрол ѕвезди (како и нивните колеги од џезот и блузот) беа познати по нивната нескротлива желба за алкохол и по нивниот тежок живот,а рокенролот често се поврзуваше со сексот и дрогата. Рок-музиката и рок модата се поврзани во неразделна врска, со имиџот со кожна облека на првите рокери како што се Gene Vincent и искинатите фармерки и фланелни кошули на гранџ рок бендови од 1990 година.
Рок музичарите често се обидуваа да коментираат за социјалните прашања директно или како повици за акција. За време на Виетнамската војна се слушаа првите рок песна кои изразуваа протест. Познати рок-музичари ги опејаа проблемите кои се појавуваа во животната средина (песната,,Mercy Mercy Me (The Ecology)’’ на Марвин Гај и движење против апартхејдот (песната ,,Biko’’ на Петар Габриел), насилството во Северна Ирска ,,Sunday Bloody Sunday" на U2) и светската економска политика (,,Kill the Poor ’’ на групата ТheThe Dead Kennedys). Рокенролот, како социјален активизам доживеа пресвртница со концертите Live Aid, што се одржаа на 13 јули 1985 година, кои ги опранизираше една добротворна организација во 1984 година "Do they know it's Christmas? ".
Рокот, исто така, имаше духовно и верско влијание. Композиторите како Пити Тауншенд (Pete Townshend) во нивната работа ги истражуваа духовни аспекти. Со употребата на терминот "рок бог" се признава верските квалитети со обожавање на некои рок ѕвезди. Христијанскиот рок, алтернативен рок, метал, панк и хардкор, се специфични, препознатливи жанрови на рок-музиката со силни христијански тонови и влијанија. Од друга страна, пак Ози Озборн, Мерилин Менсон,Слајер ( Slayer) и многу други, исто така, се обвинуваа дека се сатани и дека имат неморално влијание врз нивните слушатели.