Виолета Танчева-Златева: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 19:05, 1 септември 2017

Виолета Танчева-Златева е македонска поетеса, раскажувачка, лекторка.

Виолета_Танчева-Златева
Занимањеписател
НационалностМакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет
Апсолвент наУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
Период1988-денес
Предметпоезија
Книжевно движењесовремена македонска книжевност

Биографија

Виолета Танчева-Златева е родена на 25 04 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Основното образование го завршила во родното место и во соседното с. Турново, а средното образование во Гимназија „Јане Сандански“ во Струмица. Во 1991 година дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност со македонски јазик. Од 1994 до 2013 година работела во ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, во почетокот како уредник на списанијата „Допри ме нежно“ и „World Press ИЗБОР“, подоцна како главен и одговорен уредник на издавачката дејност, одговорен уредник и лектор. Од октомври 2013 година работи како лекторка во Издавачки центар ТРИ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Член е на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ, како и на Здружението на лекторите на РМ.

Библиографија

  • Книга за сонот, Прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“,Охрид, 1992;
  • Враќања, роман, „Македонска книга“,Скопје, 1993;
  • Враќајќи се во Бориево, раскази, НИП „Ѓурѓа“, Скопје, 1999;
  • Мојот Пикасо/My Picasso, поезија со напореден англиски препев на Наташа Папазовска Левкова, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2007;
  • Мој Пикасо/Мојот Пикасо, двојазично издание, препев на босански Сеида Бегановиќ, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008;
  • Шарени писма, роман за деца во писма, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2008;
  • Заробеници на молкот, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2010;
  • Огнена, поезија, ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, 2011;
  • Нашата приказна, поезија, „Улис“, Скопје, 2013;
  • Година без лето, поезија, Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2015;
  • A Summerless Year, Struga Poetry Evenings, Struga, 2016; translated from the Macedonian original Bela Gligorova.

Награди

Добирник е на четири награди (две втори и две трети) на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години; прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ за Книга за сонот, 1992; наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, во 2015 г., за стихозбирката Година без лето. Застапена е во повеќе прозни и поетски антологии, во Македонија, Србија, Словенија, Бугарија.