Христо Далкалчев: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за личност | име= Христо Далкалчев| опис= | портрет= | px = 200п | наста...
(нема разлика)

Преработка од 11:22, 25 август 2017

Христо Далкалчев (1878-1954) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.[1]

Христо Далкалчев
Роден 1878
Владово, Воденско
Починал 1954
Софија, Бугарија

Биографија

Роден е во селото Владово, Воденско. Завршил семинарија во Цариград. Учителствувал во Сер и Гевгелија. Во 1901 година бил избран за член на околискиот комитет на ТМОРО во Гевгелија. Во 1902 година емигрирал во Русија. Завршил медицински факултет во градот Киев во 1911 година. Во 1914 година заминал во Бугарија. Учествувал во Првата светска војна како доктор во 9-тата плевенска дивизија.

Починал во Софија, Бугарија.

Наводи

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 79.