Портрет на уметникот во младоста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Трета глава: дополнување
→‎Петта глава: дополнување
Ред 16:
 
===Петта глава===
На универзитетот, Стивен уште повеќе созрева оставајќи го детството зад себе. Таму, тој навлегува подлабоко во [[книжевност]]а, а исто така, за првпат доаѓа во допир со ирскиот [[национализам]]. Сепак, тој и понатаму инсистира на својата посебност и индивидуалност. Така, во една прилика, наспроти сите студенти, тој одбива да се потпише на петицијата за [[мир]] во светот. Во тој период, Стивен почнува да гради своја [[теорија]] на [[естетика]]та, заснована врз учењето на [[Аристотел]] и [[Тома Аквински]]. Неколку пати ја здогледува девојката што ја сака, но нивните односи се студени, иако тој повторно почнува да пишува песни за неа, десет години по неговата прва песна. Најпосле, Стивен не може повеќе да го трпи притисокот на својата средина и, отуѓен од семејството, татковината и [[религија]]та, во него се зацврстува намерата да ја напушти [[Ирска]], велејќи дека не може да му служи на она во што не верува, без оглед дали тоа е домот, татковината или [[Црква|црквата]]. Една од последните реченици што ги запишува во својот дневник пред заминувањето е следнава: „Јас заминувам за по милионити пат да се соочам со стварноста на искуството и во ковачницата на својата [[душа]] да ја исковам сè уште несоздадената свест на својот народ.“<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 179-266.</ref>
 
==Осврт кон делото==