Портрет на уметникот во младоста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
→‎Трета глава: дополнување
Ред 10:
 
===Трета глава===
Стивен е растргнат меѓу своите сексуални потреби и сознанието дека прави страшен грев и поради тоа многу страда. Истовремено, тој ги забележува промените во своето однесување и чувствува дека е различен од своите школски другари и отуѓен од светот. За време на предавањето во колеџот по повод празникот на [[Св. Франциско Ксаверски|св. Франциско Ксаверски]], Стивен е силно потресен од описот на [[пекол]]от и на страдањата на грешниците и запаѓа во агонија. Поради тоа, тој оди во блиската капела за да ги исповеда своите гревови.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-60151.</ref>
 
===Четврта глава===
Стивен запаѓа во голема побожност и во секој поглед се труди да се однесува потполно во согласност со строгите верски принципи. Поради безгрешното однесување тој добива покана да стане свештеник-езуит, но тој ја одбива понудата и се запишува на [[универзитет]]от. Еден ден, тој оди на морскиот брег, каде истовремено здогледува група езуити и една млада девојка. Тогаш, тој конечно сфаќа дека никогаш нема да стане свештеник, туку ѝ се препушта на радоста на световниот живот.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 151-179.</ref>
 
===Петта глава===
На универзитетот, Стивен уште повеќе созрева оставајќи го детството зад себе. Таму, тој навлегува подлабоко во [[книжевност]]а, а исто така, за првпат доаѓа во допир со ирскиот [[национализам]]. Сепак, тој и понатаму инсистира на својата посебност и индивидуалност. Така, во една прилика, наспроти сите студенти, тој одбива да се потпише на петицијата за [[мир]] во светот.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 179-266.</ref>
 
==Осврт кон делото==