Данте Алигиери: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 25:
 
Се знае дека учествувал на забави, ловови, свечености, и во таквиот монденски живот на тогашната [[Фиренца]] се родила и се развила неговата љубов кон една фирентинска девојка која ќе биде одредница на неговите дела и животниот пат. Беатриче, како што ја нарекувал Данте, се омажила млада, но според сфаќањата од средниот век, бракот не бил препрека за чистата љубов кон друг човек.
 
== Политичкиот живот на Данте ==
[[Податотека:Dante-alighieri.jpg|рамка|Данте Алигери]]
Со политички живот Данте почнал да се занимава многу рано. Тој бил „Гвелф“ (тоа се приврзници на римскиот [[папа]]) и се борел против Гибелините. Извесно време бил во градскиот совет, а на дваесет и пет годишна возраст бил избран за член на колекиумот од шест члена, кој управувал со Фиренца. Кога партијата на Гвелфовите се поделила на „бели“ и „црни“ тој им пристапил на белите кои се бореле против папската курија. Во судирот меѓу овие две фракции победиле белите и ја презеле власта во [[Фиренца]]. Римскиот папа [[Бонифациј VIII]] се замешал во тој судир и со помош на францускиот принц [[Шарл Валоа]] влегол во [[Фиренца]] и тогаш власта над Фиренца ја презеле „Црните“ а „Белите“ биле протерувани од Фиренца.Тоа го доживеал и Данте.Тој бил принуден да ја напушти Фиренца и да живее во прогонство се до крајот на животот. Потоа тој бил молен да се врати во Фиренца,но не се вратил.
 
Во раните години од прогонството тој напишал две важни дела на [[латински јазик]]. ''De Vulgari Eloquentia'' ([[За народниот говор]] [[1304]]- [[1305]]).Во ова дело тој го дефинира домашниот јазик како литературен медиум и се обидува да воведе критериум за користење на пишуван [[италијански јазик]] и [[италијанска поезија]].
Незаврашеното дело'' Convivio'' ([[Гозба]] [[1304]]-[[1307]]) било наменето да биде приказ, во 15 книги, на целото знаење во тоа време. Од ова дело биле завршени само првите 4 книги.
Политичките надежи на Данте биле силно разбудени од доаѓањето во [[Италија]] на [[Хенри VII]],кралот на[[Германија]] и римски император.
Намерата на [[Хенри VII]] била да ја одведе Италија во независна држава и да ги обедини италијанските градови. По пет годишно залагање Хенри VII не успеал да ги отргне од власт ``црните``Гвелфи и данте никогаш не се вратил во родниот град-[[Фиренца]].Смртта на Хенри VII во [[Сиена]] во [[1313]] година надежите на Данте завршија многу брзо.Латинскиот трактат ''De Monarchia'' ([[За монархијата]]) е напишана за време на присуството на [[Хенри VII]] во [[Италија]]. Таму Данте ги изложил своите политички погледи дури и потребата на религиозена римска империја и одвојување од [[црква]]та и [[држава]]та.
 
==Творештво==