Разлика помеѓу преработките на „Данте Алигиери“

→‎Биографија: дополнување
(дополнување)
(→‎Биографија: дополнување)
 
== Биографија ==
Данте Алигиери е роден во [[Фиренца]] во [[јуни]] [[1265]] година, а потекнува од старо, но осиромашено, аристократско семејство. Неговата мајка умрела во неговото детство, а татко му умрел кога Данте имал 18 години. Најбитниот настан од неговата младост била средбата со Беатриче во [[1274]] година, која најпрвин ја опеал во својата книга „[[Нов живот]]“, а подоцна и во неговото најголемо дело „[[Божествена комедија]]“.
 
И покрај скромната општествена положба, Данте учел кај најдобрите учители во тоа време. Во младоста се оженил со Џема Донати со која имал имал барем три деца.<ref>Eros Sekvi, „Beleška o piscu“, во: Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 223-224.</ref>
 
Малку се знае за образованието на Данте, неговите дела објавуваа нечитаност. Тој бил многу потпивнат од делата на Фиренцискиот философ и реторичар [[Брунето Латини]] (Brunetto Latini),кој претставува важна фигура во делото [[Божествена комедија]].
Познато е дека Данте многу читал, а во делото „Convivio“ самиот тој кажува дека од преголемото читање се здобил со заболување на очите.<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 14.</ref> Се знае дека Данте не го имал читано [[Хомер]], но добро го познавал творештвото на [[Хорациј]], [[Овидиј]] и [[Лукијан]], како и делата на [[Сенека]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 25-26.</ref> Исто така, тој ги познавал некои записи на лекарот [[Гален]] од [[Пергам]], а ги читал и коментарите на [[Авицена]] и [[Авероес]] на делата на [[Аристотел]].<ref>Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 26.</ref>