Ѓорѓи Абаџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
'''Ѓорѓи Абаџиев''' ({{роден во|Дојран}}, {{роден на|7|октомври|1910}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|2|август|1963}}) — македонски [[раскажувач]], [[романсиер]], [[историограф]], [[публицист]] и [[сценарист]].
 
Средно образование завршил во [[Горна Џумаја]] (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во [[Софија]] каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во [[Бугарија]]. Член на [[Македонски литературен кружок|Македонскиот литературен кружок]] (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во [[Македонија]], во [[1948]] година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во [[Институт за национална историја|Институтот за национална историја]] во Скопје и бил негов директор. Член на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]] од [[1949]] година.<ref>Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 17.</ref>
 
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.