Македонско девојче 2: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Снимање и развиток: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
→‎Композиција и текст: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 53:
Албумот започнува со седум-минутната љубовна песна „Кој да ми запее“ која ја опева тагата и тешката емотивна состојба на зрела жена која го загубила својот љубеник кој претходно постојано ѝ пеел песни додека биле заедно. Насловот на песната и стиховите „жедна сум, жедна за пој“ и „[e]х што ми беше срцето живо, ех што си имав со него живот“ ги доловуваат нејзините чувства на недостасување, потреба од љубов и жал за изгубената младост.<ref name="beckovic" /><ref name="stone" /> Новинарот Бечковиќ ја опишал како „класика во новата македонска [[чалгија]]“.<ref name="beckovic" /> Втората песна која се надоврзува на неа е „Чалгија“ која е карактеристична со своите стихови во кои е застапена [[рима]]та.<ref name="beckovic" /> „Сакам да не те сакам“ тематски зборува за неверен љубовен партнер и ја прикажува положбата на изневерениот женски протагонист. Таа му ја посветува песната за тој да дознае „кој го сакал искрено“.<ref name="beckovic" /> „Смеј ми се, смеј“ се одликува со елементи од џез музиката и класични чалгиски елементи.<ref name="radio" /><ref name="beckovic" />
 
„Две лири (не ни било пишано)“ опева стара љубов и претставува песна оставена во аманет од некоја баба која не дочекала да ја види свадбата на својата внука. Девојката сепак ѝ ја исполнува желбата на својата баба и со две лири нарачува песна на свадбата на нејзиниот поранешен љубеник на која таа учествува како гостинка.<ref name="beckovic" /> „Ќе пијам љубов до крај“ се одликува со весел текст, и според Бечковиќ музички е слична на игривиот ритам на жанрот [[боса нова]] поради тоа што Гочева е придружена од брза труба и [[контрабас]]. Во текстот на песната, Гочева пее за „врел бакнеж што жежи“.<ref name="beckovic" /> Песната „Сон“ се одликува со бајковита атмосфера и опишува како „убавината завршува кога ќе ги отвориме очите“ и како животот е поразличен од сонот преку стиховите „Пуста остана желба невина, сон си мина и ти си замина... Не знам кој е крив, Боже дај ми здив...“.<ref name="beckovic" /> Преработките „Те видов и се заљубив“ и „Ако згрешам нека изгорам“ се одликуваат со аранжмани поразлични од оригиналнтеоригиналните верзии поради што звучатритамски какосе давклопуваат претставува дел одсо целосната музичката атмосфера присутна на албумот.<ref name="beckovic" />
 
==Издавање во продажба==