Македонско девојче 2: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Позадина: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
→‎Снимање и развиток: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 44:
{{Rquote|left|На овој албум, таа создаде нов правец на пеење, не е ниту поп, ниту фолк изведба, а сепак е нешто извонредно|Мицевски опишувајќи ги гласовните способности на Гочева на „Македонско девојче 2“<ref name="fashionel" />}}
 
Финализирањето на целиот албум траело две години, поради тоа што тимот кој работел зад албумотнего сакал да посвети внимание на деталите и да ја сними најдобрата можна верзија на материјалот и притоа сè да се одвива постепено.<ref name="fashionel" /><ref name="idividi" /> Процесот започнал во 2012 година со тоа што откако песните биле напишани, Мицевски снимил [[демо]] верзии и ѝ ги испратил на Гочева.<ref name="n1" /><ref name="fashionel" /> Откако биле преслушани, сите десет песни биле прифатени за да се вклучат во новиот албум.<ref name="fashionel" /> „Македонско девојче 2“ бил снимен во студиото „XL“ на Дејан Момировски во Скопје.<ref name="republika" /><ref name="liri" /> Во интервју со порталот ИдиВиди, Гочева изјавила дека групата која работела на албумот се состоела од нејзини долгогодишни познаници и поради тоа ѝ било „лесно и мило да работам со неа, бидејќи имаше одлична атмосфера“.<ref name="idividi" /> Покрај тоа, долгогодишната соработка и претходните искуства им служеле како лекција за усовршување, при што Гочева стекнала поголема самодоверба и била посигурна во насоката која сакала да ја заземе со албумот. За време на интервју на емисијата ''Carpe diem'' на [[Алсат М]] во февруари 2014, Гочева изјавила дека албумот е нејзиниот најдобар музички продукт издаден дотогаш.<ref name="carpe" /> Созревањето во кариерата на пејачката во нејзината кариера служело како инспирација за „модернизирање на традиционално[то]“; Гочева изјавила дека македонскиот фолклор е нешто коешто [[Македонци|македонскиот народ]] го има во крвта и дека албумот не се одликува со типични народни песни туку со песни инспирирани од македонскиот етнос. Притоа, таа преку песните дозволила со нејзината музичка изведба да даде свој личен печат во интерпретацијата на македонската етно музика.<ref name="carpe" /> Исто така, пејачката кажала дека покрај тоа што музиката која што ја снимила со албумот не е светски модерна и популарна, звукот бил поавтентичен за македонското поднебје од другите популарни светски популарни жанрови како што се [[хип хоп]], поп и [[Ритам и блуз|Р&Б]].<ref name="carpe" />
 
Мицевски исто така е една од личностите кои имале долгогодишна професионална врска со пејачката и кои придонеле за снимањето и аранжманот на „Македонско девојче“ (2008); почетокот на таа врска започнал кога тој се придружил на бендот кој настапувал заедно со Гочева за време на нејзините концерти.<ref name="republika">{{cite web|url=http://republika.mk/218949|title=Ни­кол­че Ми­цев­ски: „Македонско девојче 2“ е скро­е­но по ме­ра на Ка­ро­ли­на|work=[[Република (весник)|Република]]|date=17 март 2014|accessdate=9 август 2017}}</ref> Тој додал дека поради меѓусебното разбирање со пејачката, процесот на одредување на насока за тоа како треба да звучи албумот се одвивал без тешкотии, но исто така бавно поради нивната главна цел да создадат квалитетен материјал.<ref name="fashionel" /> За време на интервју со неделниот весник „[[Република (весник)|Република]]“, Мицевски изјавил дека работата на „Македонско девојче 2“ како следбеник на првиот албум кој веќе достигнал успешност и пофалби за својата уметничка вредност претставувала одговорност и притисок во одредена мерка. Тој додал, „Зна­чи се ба­ра­ше да се на­пра­ви не­што што ќе ли­чи на тоа пр­во­то, но не­ма да би­де исто, и, се раз­би­ра, да го за­др­жи ква­ли­те­тот, па и да го над­ми­не. Ме­ѓу­тоа, тоа за ме­не прет­ста­ву­ва­ше еден го­лем пре­диз­вик и, мо­же­би, жи­вот­на шан­са да се изра­зам по­и­на­ку, уни­кат­но, со еден по­и­на­ков бе­лег, со це­ло­то свое зна­е­ње и ду­ша. До­пол­ни­тел­но за­до­волс­тво бе­ше и тоа што ра­бо­тев со мој бли­зок при­ја­тел и со­ра­бот­ник Де­јан Мо­ми­ров­ски... На крај, си­те за­ед­нич­ки мис­лам де­ка ус­пе­ав­ме во тоа што го на­у­мив­ме.“<ref name="republika" /> Мицевски исто така открил дека сите песни на албумот биле оригинално напишани за Гочева, приспособени на нејзините вокални способности и музичка зрелост, додавајќи: „Ка­ро­ли­на е из­ве­ду­вач од свет­ски рам­ки, глас што рас­по­ла­га со мно­гу тех­нич­ки спо­соб­но­сти, пе­јач што мо­же да пее мно­гу раз­лич­ни сти­ло­ви. Таа, ед­но­став­но, се сна­о­ѓа се­ка­де и го пра­ви тоа на мно­гу ви­со­ко ни­во. Бе­ле­гот што го да­де на ма­те­ри­ја­лот од ,Ма­ке­дон­ско де­вој­че 1 и 2' е, на­ви­сти­на, уни­ка­тен, ори­ги­на­лен на­чин на из­вед­ба, кој оста­ва дла­бо­ки тра­ги во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та во­кал­но-ин­стру­мен­тал­на му­зи­ка.“<ref name="republika" />
 
==Композиција и текст==