Македонско девојче 2: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
}}
 
„'''Македонско девојче 2'''“ е осмиот [[студиски албум]] на македонската пејачка [[Каролина Гочева]] првпат излезен во продажба на 25 февруари 2014 година. Албумот е издаден преку дискографската куќа [[Авалон продукција]] во Македонија. Хрватската куќа Далас рекордс исто така го издала албумот низ земјите на поранешна [[Југославија]] во април 2015 година. Албумот содржи осум оригинални песни напишани од страна на Валентин Соклевски и Весна Малинова, за чиј аранжман и [[музички продуцент|продукција]] се погрижиле Никола Мицевски и Дејан Момировски. Покрај горенаведените песни, на „Македонско девојче 2“ исто така можат да се најдат две преработки од кои една е на [[Македонска народна музика|македонска народна песна]], а другата е на песна оригинално снимена од страна на пејачот [[Пепи Бафтироски]]. Мотивацијата за снимањето на албумот Гочева ја добила од успехот на нејзиниот претходен проект инспириран од македонската народна музика, „Македонско девојче“ (2008).
 
Финализацијата на проектот траела две години поради желбата на тимот кој работел зад него да го усоврши колку што може повеќе. Според Гочева и продуцентот Мицевски, доброто познавање на тимот од претходно помогнало во процесот на снимање и одредување точна насока и цел со снимањето на „Македонско девојче 2“. Музички, албумот е сличен на неговиот претходник. Песните се одликуваат со елементи од [[македонска народна музика|македонскиот народен фолклор]], но се адаптирани во посовремен стил кој е актуелен во времето на издавањето на албумот, односно содржат елементи и од [[поп-музика|поп]] и [[џез]] музика. Во текстовите, се опеани чувства на тага, среќа, љубов и копнеж на зрела жена. Сите песни биле компонирани специјално за Гочева притоа земајќи ги во предвид нејзините широки вокални способности; карактеристично е отсуството на пратечки вокали.