Македонско девојче 2: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 75:
 
==Критички прием==
{{Quote box|width=30em25em|align=left|quote=„За крај – и по првото, и по шестото слушање на овој вонсериски добар албум, кој беше мојата спојка со Каролина за Божик, го имам истото чувство. Никој одамна подобро не ја опеал тагата, како што таа е опеана во овие 50-ина минути. Македонскиот одговор на планетарниот бестселер „[[Buena Vista Social Club]]“. На едно место љубов и тага, копнежи и страсти, ритмови и болка. Повеќе солзи отколку смеа... Различни стилови, сплотени во единствената македонска чалгија. Турлитава од различни музички бои и жанрови. За свирачите – капата долу. Аферим! За гласот на Каролина да не правиме муабет. За нејзината емоција во секој збор, уште помалку...“|source=— Бечковиќ во својата рецензија на „Македонско девојче 2“.<ref name="beckovic" />}}
 
Пред издавањето на албумот, тој бил доставен до музичкиот критичар Иван Бечковиќ кој имал можност да го исклуша во целост и да напише официјална рецензија за вебсајтот [[Македонска Музичка Мрежа]]. Според него, албумот претставувал логичен чекор по успехот на „Македонско девојче 1“ и додал дека „повторно ја имаме совршената комбинација - градска музика отпеана на волшебен начин од една градска девојка“. <ref name="beckovic"/> Тој забележал дека текстовите на песните се толку реални што оддаваат впечаток како да се нечии вистински искуства во минатото, притоа забележувајќи ја желбата на Гочева со албумот да остави нешто што ќе остане подолго да трае и „ослонувајќи се на своите внатрешни инстинкти и потреби, својата сила и духовност ги крева на едно повисоко ниво“.<ref name="beckovic">Бечковиќ, Иван. Македонска Музичка Мрежа. Ексклузивно: Прва официјална рецензија на комплетниот албум “Македонско девојче 2” од Каролина. 9 јануари 2014.</ref> Бечковиќ исто така сметал дека уникатноста на албумот е во различните музички елементи кои што го карактеризираат притоа извојувајќи го од класичната македонска чалгија. Тој ја завршил својата рецензија заклучувајќи дека во јануари македонската музика го добила најдобриот албум за таа година.<ref name="beckovic"/> Во својата статија објавена во [[Радио Слободна Европа]], новинарот Љупчо Јолевски го нарекол албумот „магичен и повеќеслоен... [о]стварување кое ја има инстантната допадливост, но кое го окривате со секое идно преслушување“.<ref name="radio">{{cite web|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/25268259.html|title=Каролина - „Македонско девојче 2“|publisher=[[Радио Слободна Европа]]|first=Љупчо|last=Јолевски|date=18 февруари 2014|accessdate=8 август 2017}}</ref> Јолевски исто така го пофалил тимот кој стои зад аранжманот и инструментализацијата за своите напори да го дадат најдоброто од себе во песните кои ги изведуваат како и звукот на албумот составен од мешавина на македонскиот фолклор со „океанот на звуци во глобални рамки“.<ref name="radio" /> Според Јолевски, „,Македонско девојче 2' се воздига до прекрасна колекција од песни која и се противи на сета грдотија од ритми и припрости стихови која катадневно не засплиснува.“<ref name="radio" /> На крајот од неговата статија, Јолевски заклучува дека Гочева го достигнала својот музички зенит и највисока точка во својата кариера преку албумот и го опишува „Македонско девојче 2“ како „битолски албум“ кој „ги донесува звуците и обичаите на [[Стара битолска чаршија|битолската чаршија]], на градот кој некако и во ововремиево им одолева на турбо-атаците од сите страни“.<ref name="radio" />