Адолф Рудницки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Ред 7:
Рудницки се појавил на книжевната сцена во 1932 година, со [[роман]]от „[[Стаорци (роман на Рудницки)|Стаорци]]“ којшто предизвикал големо внимание, следната година се појавил неговиот втор роман „[[Војници (роман на Рудницки)|Војници]]“ еден вид репортажа за животот на група војници кои немаат никаква желба да служат во [[армија]]та, додека во 1937 година го објавил романот „[[Несакана (роман на Рудницки)|Несакана]]“. Во 1938 година се појавила книгата „Искуства“ чиј оригинален наслов бил „Војнички профили и ситници“, но никој не смеел да ја објави со тој наслов. Истата година се појавил и романот „[[Лето (роман на Рудницки)|Лето]]“ кој, исто така, е на границата на репортажата и со него се исцрпува предвоеното творештво на Рудницки.<ref>Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, ''Zlatni prozori''. Beograd: Rad, 1961, стр. 121-122.</ref>
 
Почетокот на [[Втората светска војна]], германската окупација на [[Полска]] и [[Холокауст|холокаустот]] го означуваат пресвртот во творештвото на Рудницки. Првото негово дело од тој период е расказот „Блиц“ од 1941 година, којшто првобитно бил насловен „Септември“. Расказот останал недовршен и дури подоцна Рудницки вметнал завршеток. Во тоа време, Рудницки напишал уште два расказа – „Јузефов“ и „Коњ“„[[Коњ (расказ на Рудницки)|Коњ]]“ и оттогаш како главни ликови во делата на Рудницки најчесто се јавуваат Евреите, со намера нивните страдања да ги спаси од заборавот. Циклусот на делата што ги создал во овој период, Рудницки самиот за себе ги нарекол „Период на печките“. Повоеното творештво на Рудницки го сочинуваат збирките раскази: „Шекспир“ (1948), „Бегство од Јасна Полјана“ (1949), „Живото и мртвото море“ (1953, второ и дополнето издание од 1955), „Сините листови“ (1956) и подолгиот расказ „Палечка“ (1956).<ref>Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, Zlatni prozori. Beograd: Rad, 1961, стр. 121-124.</ref>
 
Основната тема во делата на Рудницки е војната, особено историјата на [[Варшавско гето|варшавското гето]]. Обработувајќи ја оваа тема, тој ја истражувал патологијата на различните ликови кои се среќавале во таа историска епизода: од крволочните убијци преку луѓето кои мирно, ладнокрвно оделе во смртта и луѓето кои сметале дека не е грев да се биде предавник доколку со тоа се продолжи сопствениот живот за неколку денови или месеци до оние кои до последниот миг верувале во чудо. Притоа, во неговите дела гетото не е само декор, туку тоа е доживување, извор и утока на сè, зашто човекот во гетото е сосема различен од човекот во нормални околности. Втората тема во делата на Рудницки е улогата на уметникот во животот, особено положбата и ставот на еврејските писатели во Полска.<ref>Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, ''Zlatni prozori''. Beograd: Rad, 1961, стр. 125.</ref>