Западна Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 59:
Поголемиот дел на територијата на Западна Европа се одликува со едноличен низински релјеф. Во него се издвојуваат територии под типични низни и поголеми котлини во широките речни долини. Најкарактеристична низинска земја е Холандија. Нејзината територија, поради погодните услови, е најнаселена и со најразвиено стопанство.
Старите ниски зарамнети планини се претежно со мали релативни височини до околу 500м. Поретки се планините што се издигаат на 1000м. Такви се планините во Велика Британија, Ардените во Белгија и Централниот Масив во Франција. Сите овие планини со своите рудни богатства се основата за појавата и развојот на првата индустрија во светот, така што во нивна непосредна влизина се развиени поголем број рударски и индустриски населби.
Младите набрани планини во Западна Европа се незначително застапени. Опфаќаат делови од [[Пиринеите]] и од [[Француски Алпи|Француските Алпи]]. Тие се одликуваат со типичен високопланински релјеф чии врвови се под постојан снег и мраз, со присуство на глечери. Меѓу Франција и Италија се наоѓа Мон Блан (4810м), највисокиот врв во Европа. Остатоци од глацијалните периоди има и на некои од планините во Шкотска.
 
== Клима ==
Климата во Западна Европа, е главно, под влијание на Атланскиот Океан и на западните ветрови кои од Океанот дуваат кон копното. Големо влијание има топлата Гофска Струја, која покрај бреговите на Западна Европа се движи од појужните кон посеверните мориња. Оиве фактори условуваат меѓу зимскити и летните периоди во Западна Европа да има мали температурни разлики. Тие се движат од 0°С во јануари до околу 15°С во јули. Токму затоа во лето преовладуваат облачни денови со чести врнежи и магии. Заота климата во Западна Европа се именува како атанско поднебје за кое се карактеристични благи зими и умерено топли лета.
Во некои региони климата се одликува со одредени модификации, но тие, главно, не зафркаваат поголеми територии. Станува збор за присуство на медитеранска клима на југот на Франција, типична планинска клима на Француските алпиАлпи и на Пиринеите и значително поврнежливо време во западните делови на Ирска и Велика Британија.
Благопријатната клима и релативно големите количества врнежи, кои имаат прилично правилен распоред преку годината, овозможуваат развиток на бујни, претежно тревни растителни видови наместа прекинати со помали површини од листопадни шумски растенија. Сето таа територија на Западна Европа ја прави зелена, поради што Западна Европа често се нарекува и Зелена Европа.
== Население ==