КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
* ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – друштвото располага со широко распространета мрежа на обучени агенти,
* ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – друштвото е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk КБ прво пензиско друштво]</ref>
 
==Пензиската реформа во Македонија==
 
[[Македонија]] е една од земјите која во [[1990]]-тите го започнала процесот на транзиција кон [[пазарна економија]], во која пензискиот систем забележал тешки контракции како резултат на општиот пад на [[Економија|економијата]]. Транзиционата [[економска криза]] ги потенцирала големите проблеми во пензискиот систем, го загрозила одржувањето на финансиската одржливост на системот, го зголемила степенот на редистрибуција и придонесла за слабеење на врската меѓу височината на придонесите и идните износи на пензиите. Тоа, постапно, довело до опаѓање на довербата на осигурениците во сигурноста на пензиите, а стимулирало и омасовување на појавата на евазија на плаќањата на пензискиот придонес или затајување на реалните [[Плата|плати]] на осигурениците. Од друга страна, големиот број предвремено пензионирани лица, како и растечкиот број на [[Невработеност|невработени]] уште повеќе го изостриле прашањето на одржливоста на пензискиот систем, заснован на принципот на генерациска солидарност. Односот меѓу бројот на пензионерите и бројот на осигурениците со текот на времето станувал сè понеповолен, а исплатата на пензиите била доведена во прашање.<ref>[http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=682DD19B3BD7BD498CB69A5C3C863E45 Министерство за труд и социјална политика]</ref>
 
 
Реформата во [[Пензиски систем|пензискиот систем]] во Македонија била спроведена со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа била неопходна во пензиското осигурување од причина што стариот - едностолбен систем, организиран според принципот на “генерациска солидарност”, бил соочен со сериозни проблеми во своето функционирање и се наметнало прашање дали ќе може да опстои во иднина.
Заради сето ова, по примерот на другите земји кои веќе презеле реформи во пензиското осигурување, Македонија извршила реформа на пензискиот систем, т.е. воспоставила повеќестолбен систем во пензиското осигурување. Воведувањето на капитално-финансираното пензиско осигурување, кое радикално се разликува од тековно-финансирано осигурување, се настојувало да се постигне долгорочна избалансираност на [[приходи|приходите]] и [[расходи|расходите]] на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и обезбедување сигурност и заштита на пензионерите.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/reforma КБ прво пензиско друштво, Пензиска реформа во Република Македонија]</ref>
 
==Задолжително пензиско осигурување преку КБ прво пензиско друштво==