Натурализам: Разлика помеѓу преработките

Додадени 895 бајти ,  пред 6 години
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 4:
Зачетоците на теоријата на натурализмот може да се забележат во теоретското дело на [[Иполит Тен]]. Сепак, најголема улога во оформувањето на натурализмот имал [[Емил Зола]], кој во духот на [[позитивизам|позитивизмот]] и [[Теновата естетика]], учењето за човековата одреденост од наследството и околината го пренесол во областа на [[роман]]от, заземајќи се за примена на научни методи во книжевноста.
 
Натурализмот го набљудува човекот како производ на наследството, околината и историската состојба, и тоа во тврда, [[експеримент]]ално [[Позитивизам|позитивистичка]] смисла. Ваквото гледиште во книжевноста се манифестирало како стремеж кон поегзактно, понепосредно и верно прикажување на стварноста. Исто така, значајна придобивка на натурализмот е тоа што со себе донесол социјално сочувствување со угнетените слоеви во [[општество]]то, а со тоа и одредена критика кон повисоките [[Општествена група|општествени слоеви]], иако тоа сочувство не е идејно и политички определено.<ref>B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 127.</ref> Во предговорот на второто издание на романот „[[Тереза Ракен]]“, Зола го објаснува натуралистичкиот метод велејчи дека неговата цел е првенствено научна и дека применил научна анализа и дека пишувал воден од љубопитноста на научникот. Понатаму, тој вели дека спроведува аналитичка работа слична на дејноста на хирурзите, дека западнал во точно и грижливо сликање на животот, целиот предаден на анализата на човечкиот механизам.<ref>„Predgovor drugom izdanju“, во: Emil Zola, ''Tereza Raken''. Beograd: Rad, 1963, стр. 3-8.</ref>
 
Во [[литература]]та, натурализмот го потиснал [[Реализам|реализмот]] и доминирал во европската книжевност во последните децении од [[19 век]]. Притоа, најзначајни претставници на натурализмот се: А. Холц и [[Герхард Хауптман]] во [[Германија]], [[Хенрик Ибзен]] и [[Аугуст Стриндберг]] во [[Скандинавија]], додека во [[Италија]] натурализмот се развил во посебен правец наречен [[Веризам|веризам]]. Емил Зола и [[Ги де Мопасан]] се водечки претставник на натурализмот во [[Франција]], каде литературните групи блиски до натурализмот го избегнувале овој израз и се претставувале себеси како реалисти.
 
==Надворешни врски==