Герхарт Хауптман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 25:
Хауптман е најзначајниот претставник на [[Натурализам|натурализмот]] во [[Германија]]. Тој започнал да пишува на дваесетгодишна возраст, а во книжевноста се појавил со своите две драми: „[[Пред изгрејсонце (драма на Хауптман)|Пред изгрејсонце]]“ ([[1889]]) и „[[Ткајачи (драма на Хауптман)|Ткајачи]]“ ([[1892]]) со кои предизвикал скандал во Германија при што „Ткајачи“ била предмет на судска тужба, драмите повремено му биле забранети, а царот Вилхелм II бил огорчен на Хауптман. Творештвото на Хауптман е плодно и опфаќа повеќе од 30 драмски и над 20 епски дела, неколку романи, како и раскази и новели. Веќе пред Првата светска војна, тој бил најпознатиот и најголемиот германски писател, добитник на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата награда (1912). Сепак, тој е најпознат по своите драми: „Пред изгрејсонце“ ([[1889]]), „Ткајачи“ ([[1892]]), комедијата „[[Даброво крзно]]“ ([[1893]]), историската драма „Флоријан Гаер“, „Свеченоста на мирот“, „Колегата Крамптон“, „[[Ханелиното вознесување]]“ (1894), „Потонатата камбана“ (1897), „Кочијашот Хеншел“ итн. Неговите драми постигнале голем успех и биле играни на бројни сцени во Германија и во повеќе други земји, вршејќи големо влијание врз тогашната публика, така зголемувајќи го неговиот книжевен углед. Од неговите [[еп]]ови се издвојуваат „Прометидите“, „Атридите“, „Ана“, „Синиот цвет“ итн., но тие је достигнале популарноста на драмските дела. Прозното дело на Хауптман го сочинуваат [[роман]]ите „[[Глупакот Емануел Квинт]]“ ([[1910]]), „[[Островот на Gолемата мајка]]“ ([[1912]]), „Атлантис“, „Ванда“ и „Книга на страстите“; неколку раскази и новели („[[Чуварот на пругата Тил]]“, „[[Еретикот од Соана]]“; дневникот од патувањето низ Грција, „Грчка пролет“; како и неколку фрагменти и [[Биографија|биографски]] белешки.<ref>B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 128-129.</ref>
 
Почетните дела на Хауптман, особено неговите драми, го носат печатот на натурализмот, но во текот на повеќедецениското творештво тој поминал низ речиси сите стилски движења карактеристични за негвото време, иако никогаш целосно не се одвоил од натурализмот. Со текот на времето, неговата почетна социјална критичност постепено се претворила во [[Христијанство|христијанско]]-[[Паганство|паганска]] занесеност. Во своите дела, Хауптман застапувал бројни, често противречни, философски гледишта: На пример, „Ткајачи“ е типична социјална драма, додека „Ханелиното вознесување“ е еден вид мистично-фантазерска игра во која како лик се појавува и [[Исус Христос]]. Во тој поглед, некои критичари сметаат дека Хауптман е „екстатичен [[Романтизам|романтичар]] кому единствено му недостасувала врската со духовниот свет на романтиката“, „граѓански романтичар кој самиот себеси се присилил на натурализам“ и дека „неговиот натурализам од самиот почеток го ритмизирала [[поезија]]та“. Навистина, во расказите, а особено романите, на Хауптман нема тешки натуралистички детаљи, туку во нив се застапени сосема поинакви емоции и идеи.<ref>B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, ''Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane''. Beograd: Rad, 1960, стр. 129-130131.</ref>
 
== Наводи ==