Абортус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
'''Абортус''' или '''пометнување''' е прекин на бременост. За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и индивидуално и значи повеќе од борба за права.<ref>[http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336 „Водич во феминистичката и родовата терминологија“, Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје, 2007]</ref>
 
Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тeк сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават се повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себе си носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Абортус