Хавиер Ернандес: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
Чичарито го направил своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во [[2010 ФА Комјунити Шилд|ФА Комјунити Шилд]], против актуелниот шампион на Англија во тој момент [[Челзи ФК|Челзи]] од 3-1. Својот првенец го постигнал на почетокот на второто полувреме по пробивот на [[Антонио Валенсија]], каде што Ернандез погодил со глава. На 16 август, Хернандез го направил своето деби во [[Премиер лига]]та откако тој го заменил [[Вејн Руни]] во 63-тата минута на натпревар дома против [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл]] во првото коло што завршило 3-0 за Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол и во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]] набргу потоа, на 29 септември, кога влегол од клупата за да го постигне единствениот гол во победата на гости против [[ФК Валенсија|Валенсија]] од 1-0. Ернандез го постигнал својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против [[ФК Вест Бромвич Албион|Вест Бромвич Албион]] на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигнал два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиер лигата надвор од [[Олд Трафорд]], помагајќи му на [[ФК Манчестер Јунајтед|Јунајтед]] да дојде до 2-1 победа против [[Стоук Сити]].
Два дена од овој меч во кој тој бил херој, тој влегол од клупата за да го постигне победеносниот гол, односно својот прв гол во [[Лига куп]]от, во победата со 3-2 над [[ФК Вулверхемптон Вондерерс|Вулвс]] со што го испратил својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]]. На 1 јануари 2011 година, тој повторно влегол од клупата за резерви за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со [[ФК Вест Бромвич Албион|Вест Бромвич Албион]] за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандез станал најефикасниот мексиканец во историјата на [[Премиер лига|Премиерлигата]], откако го отвори резултатот во победата над [[Стоук Сити]] на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандез го постигнал изедначувачкиот погодок во камбекот на Јунајтед, за кој придонел и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над [[ФК Блекпул|Блекпул]] со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигнал својот прв гол во [[ФА Куп]]от кога бил прецизен во 2-1 победата над [[ФК Саутхемптон|Саутемптон]]. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впишал во листата на стрелците бил дуелот со [[ФК Виган Атлетик|Виган]] во кој тој постигнал два гола, а [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] победил со 4-0 на гости. Осум дена подоцна, тој
На 5 јули 2011 година, Ернандез беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се [[Кристијано Роналдо]], [[Џузепе Роси]] и [[Лионел Меси]].
|