Покрај казанот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
дополнување
Ред 1:
'''Покрај казанот''' ([[српски]]: ''MustafaKod Mađarkazana'') - расказ на писателот [[Иво Андриќ]].
 
==Содржина==
За време на своето краткотрајно школување во [[Рим]], во една [[катакомба]], калуѓерот Марко здогледува златен медалјон со ликот на младо момче и таа слика му се врежува длабоко во сеќавањето. Подоцна, по враќањето во [[Босна]], тој упорно се прашува зошто постои зло меѓу луѓето и има голема желба да го поправи светот. Меѓутоа, тој не се одликува со големи способности така што не напредува во свештеничката кариера. Освен тоа, во последно време нему му се случуваат бројни непријатни работи: притворот во [[Травник]], случката со разбојникот Иван Рошо, како и случката со девојката која сака да се потурчи. Сите тие случки внесуваат немир во неговата душа. [[Есен]]та, за време на печењето на ракијата, во [[манастир]]от доаѓаат двајца [[јаничари]]. Притоа, едниот од нив, почнува да го расипува казанот и го налутува фра Марко, кој му се заканува со едно вжарено дрво. Тогаш, јаничарот пука во него и набргу фра Марко умира. Бидејќи не се одликува со посебни [[Свештенство|свештенички]] квалитети, во книгата на умрените калуѓери само ја запишуваат неговата [[смрт]], без никакви други епитети. Сепак, ноќта, најстариот калуѓер во манастирот ги допишува збировите: „Тој го сакаше манастирот како својата [[душа]]. Нека се знае.“<ref>„Kod kazana“, во: Ivo Andrić, ''Priča o vezirovom slonu''. Beograd: Rad, 1962, стр. 137-150.</ref>
 
 
==Осврт кон делото==