Синдром на работна исцрпеност: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Синдром на работна исцрпеност''' (исто така познат и како '''синдром на професионалн... |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 3:
Во [[1969]], Херолд Б. Бредли е првата личност која го истакнува синдромот во својата статија „Третман базиран на заедницата за млади возрасни прекршувачи на законот“ (англиски: „''{{lang|en|Community-based treatment for young adult offenders}}''“), запишувајќи го како посебен вид на стрес поврзан со [[работни услови|работата]] користејќи го англискиот термин ''{{Lang|en|burnout}}''. Овој термин повторно се употребува во [[1974]] од страна на психоаналистот [[Хеберт Ј. Фројденберг]] и потоа од страна на психологот [[Кристина Маслак]] во [[1976]] во нејзините студии за мафинестациите на работна износеност.<ref>{{cite web|title=Qu'est-ce qu'un burn-out ? {{!}} Aide Burn Out|url=http://www.aideburnout.fr/definition-burnout|site=Aideburnout.fr|language=French|accessdate=2016-12-26}}</ref>
Поради првите набљудувачи, синдrомот на работна исцрпеност првично се појавува кај луѓе чии професионални активности имплицираат дека човечката интеракција е важна - такви се [[социјален работник|социјалните работници]], [[здравствени професионалци]] и [[професор]]и. Проучувањето на овие професионални категории од страна на истражувачите најчесто ги истакнува повторувачките конфронтации, поврзани со болка и неуспех како најважните причинители во случаите на манифестација на синдромот на работна исцрпеност. За време на првичните набљудувања на синдромот, тој е познат како психолошки [[синдром]] поврзан со [[професија|професиите]] кои вклучуваат помош. Овој концепт преовладувал некое време и служел како патоказ за концепцализацијата на овој феномен како и првите работни истражувачки трудови на тоа поле. Но стекнувањето на поголем број на информации по овие првични истражувања помогнало да се прошират ризиците за манифестација на синдромот на работна исцрпеност на групата на индивидуалци на работното место без разлика на нивната активност.
Покрај неговиот успех во медиумите и популарноста кај поголемата јавност, синдромот на работна исцрпеност не е препознат како пореметување по интернационалните носолошки класификации како што се M ICD-10 или DSM 5. Моментално, не постојат заеднички прифатени критериуми во медицинскиот свет за дијагностика на синдромот.
== Наводи ==
|