Змеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
додадени синоними
Ред 1:
'''Змеј''', '''ламја''', '''аждер''' или '''ала''', ([[англиски]]: ''Dragon'') е фантастично, митолошко суштетство, кое според својот изглед е близок до [[змија]]та,<ref>[http://www.slovopedia.com/22/209/1642064.html Этимологический русскоязычный словарь Фасмера]</ref> [[човек]]от, [[птица]]та, [[метеор]]ите. Змејовите били прикажувани најразлично: со крилја, тело покриено со стргунки, со метални плочки, понекогаш златни, со големи глави и опасни [[заби]], со [[оган]] кој излегувал од усните, ноздрите, со испакнати очи кои можеле да имаат и хипнотичка моќ, можеле да имаат повеќе глави, најчесто имале две нозе, опашка и биле различни по големина и боја.
 
== Змејот во европската митологија==
Во [[Европа]], змејот ([[грчки]]: ''δράκων'') се претставува како суштетво со два чифта [[нозе]] и со [[крилја]] како на [[лилјак]], кои му растат од грбот. Обично, тој заштитува некоја [[пештера]] или [[замок]], полн со богатство и често се поврзува со некој јунак којакој натојуванастојува да го убие. Така, во [[Грчка митологија|грчката митологија]], златното руно, по кое тргнал [[Јасон]], го чувал еден змеј, кој никогаш не спиел. Кога Јасон сакал да го земе златното руно, нему му се приближил змејот, но [[Медеја]] му распркалараспрскала волшебна напивка и змејот заспал, така што Јасон го зел златното руно од [[дрво]]то на кое тоа било обесено.
 
Змејот секогаш се поврзува со злото. Европскиот змеј вообичаено е со црвена, златна, сина, портокалова или зелена боја, а според хиерархијата, златниот змеј е над сите други змејови. Должината на змејовите достигнува до 25 метри, а крилјата им се двапати поголеми од нивната должина. Се хранат со [[овци]], [[Крава|крави]], [[Коњ|коњи]] и други поголеми [[животни]]. Притоа, тие се многу интелигентни и често разбираат повеќе јазици, а некои дури и читаат и зборуваат. Европските змејови често зборуваат во загатки и кога некој човек ќе ја реши загатката, тој постанува доживотен пријател на змејот. Најпосле, нивната старост може да достигне дури 1.000 години.<ref>Александра Филиповска, ''Митски суштетства'', Топер, Скопје, 2013, стр. 10-11.</ref>
Ред 8:
== Змејот во народните верувања ==
[[Податотека:Zmei Gorinich (colour fixed).jpg||мини|десно|250п|''Змеј'', од Виктор Васнетсов]]
Според народното верување змејовите настанувале од [[змија]] постара од четириесет или сто години, од рибата [[крап]] која наполнила четириесет години. Змејот според некои верувања настанувал од [[птица]], [[петел]]от и [[мисир]]от можеле да се претворат во змеј; змејот можел да биде роден и како човек (со специфични обележја како новороденче: ципа под мошниците, опашка, заби, шест прсти и др.), се верувало дека таквите деца настанале од врската меѓу змеј и жена, некаде се верувало дека децата родени по [[смрт]]та на родителот, или вонбрачните деца можат да се претворат во змеј или им се припишувале натприродни способности својствени за митолошкото сфаќање за карактеристиките на змејот<ref>[[Танас Вражиновски]], Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.180</ref>. Но, за одржување на ваквото дете во животот според старите верувања морале да се спроведат многу обредни правила; првата ноќ го варделе ‘чистите жени/ девојки ’ (вирго), некаде тоа го правеле девет стари жени, некаде дванаесет девојки кои во таа една ноќ подготвувале облека за новороденчето на кое му се припишувале својствата на заштитникот на селото. Во [[Македонија]] се верувало дека змејски карактеристики стекнува детето родено во глуво доба и тоа се нарекувало змејко.
 
Змејот во најголем број на народни преданија му припаѓа на машки пол, (во наративното творештво ретко се сретнува мома-змејовица, но со никаков опис не ѝ се даваат карактеристики на змејот, туку таа е опишана како прекрасна девојка), како негово живеалиште се наведувале планините, пештерите, карпите, реките и изворите, кај светите дрвја, најчесто околу дабовите, под земјата.
Ред 18:
При посета на одбраната девојка или жена змејот во нејзиниот дом влегувал низ оџакот како силен [[оган]], како искра, влетувал како [[птица]], како [[змија]], како [[облак]], [[магла]], но во нејзино присуство се преобразувал во убав маж, но невидлив за околината. Неговото присуство го откривале доколку слушнеле разговор меѓу него и девојката. Во народното творештво се забележани и примери дека тој граба девојка и ја носи во својот дом. Љубовницата на змејот се разликувала од обичните жени по бледило, молчеливост, насолзени очи, недружељубивост. Се верувало дека тие немале долг век, бидејќи самата љубов на змејовите се сметала за болест, таа се манифестирала со [[халуцинација|халуцинации]], со нервни растројства и неретко завршувала со самоубиство. Според други народни сведоштва љубовницата на змејот добивала натприродни исцелителски моќи и знаења.<ref>[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.131 - 132, (ISBN 9989-918-97-X).</ref>
 
== Извори Наводи==
{{наводи}}
<references/>
 
{{Словенска митологија}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Словенска митологија]]
[[Категорија:Митологија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Змеј