Ќерката на Агамемнон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Стилски измени
Ред 14:
 
== Позадина ==
Пишувана во текот на последните години од комунистичкиот режим во [[Албанија]], ''Ќерката на Агамемнон'' е еден од трите манускрипти што Исмаил Кадаре успева да ги прошверцува од Албанија по смртта на [[Енвер Хоџа]], со помош на својот француски уредник и, [[Преведување|преведувач]] Клод Диран]]. Со цел да ги изнесе во Париз, првите страници од трите ракописи Кадаре ги камуфлира како албански преводи на дела од [[Зигфрид Ленц]]; книгите ги комплетира Диран по две патувања во [[Тирана]] каде успешно го собересобира остатокот од манускриптите и истите ги депозитира во банкарски сеф во [[Париз]]. Преведен од страна на познатиот албански [[Виолина|виолинист]], [[Теди Папаврами]], од оригиналниот и неревидиран ракопис, ''Ќерката на Агамемнон'' првпат се појавува на француски во [[2003|2003 година]], откако Кадаре веќе го пишува и нејзиното продолжение, ''Наследникот''. <ref name="AgamemnonsDaughter">{{Наведена книга|title=Agamemnon's Daughter: A Novella and Stories|last=Durand|first=Claude|date=2006|publisher=Arcade Publishing|isbn=978-1-559-70788-6|editor-last=Kadare|editor-first=Ismail|pages=ix–xii|translator-last=Bellos|translator-first=David|chapter=About Agamemnon's Daughter: Adapted from the Publisher's Preface to the French Edition}}</ref>
 
== Содржина ==
Целото дејство од новелата се случува во текот на неколку часа додека главниот наратор, анонимен телевизиски новинар со либерални ставови, се движи од својот дом кон стадионот каде се одржува годишната [[Меѓународен ден на трудот|првомајска парада]]. На парадата ѝ претходат два настани: наратарот добива неочекувана покана да присуствува на прославата со место во ложата, а Сузана, ќерката на претпоставениот наследник на Водачот – благо завиен портрет на албанскиот претседател [[Енвер Хоџа]] – ја раскинува својата врска со нараторот, повикувајќи се на стравот што таа би можела да го оцрни угледот на нејзиниот татко. Слично како во [[Џејмс Џојс|Џојсовиот]] ''[[Улис]]'', новелата е внатрешен монолог што ги следи размислите на нараторот за Сузана и за луѓето со кои тој се среќава додека се движи до трибините на стадионот. Како таква, новелата функционира како еден вид "портфолио на скици за човекиов распад – сублимиран [[Пеколот (Божествена комедија)|Пекол]], во текот на кој наратарот среќава низа режимски жртви".<ref name="NewYorker">{{cite magazine|last=Woods|first=James|date=20 декември 2010|title=Chronicles And Fragments: The Novels of Ismail Kadare|url=http://www.newyorker.com/magazine/2010/12/20/chronicles-and-fragments|magazine=[[The New Yorker]]|access-date=17 јули 2017}}</ref>
 
Како што е обично случај со Кадаре, судбината на дел од овие луѓе – со исклучок на Сузана, имињата на сите останати се заменети со иницијали – е сопостваена на еден древен албански наратив, првпат воведен како разјаснувачки коментар на подемот на Р. З., сикофант што преживеал дел од комунистичките чистки на начин што никому не му е доволно јасен. Приказната зборува за ќелавиот човек кој е спасен од Пеколот од страна на еден орел, кого за возврат тој го храни со сопственото месо; кога стигнува на небото, од него не останува ништо повеќе од скелет.
 
Па, сепак, клучната аналогија е онаа што нараторот ја открива при прочитот на [[Роберт Грејвс|Грејвсовите]] ''[[Грчки митови (Грејвс)|Грчки митови]]'', онаа што континуирано го искушува да ја изедначи судбината на Сузана (како и судбината на [[Јосиф Сталин|Сталиновиот]] најстар син [[Јаков Џугашвили]]) со судбината на Агамемнонвата ќерка, Ифигенија – сите жртви на „цинична тиранска промисла“ чија задна цел е да им даде право на тираните – независно дали [[Агамемнон]], [[Сталин]], [[Енвер Хоџа|Хоџа]], или, како во случајов, Наследникот на Водачот – право да го бараат животот на кој и да е друг во иднина.
 
== Критички осврт ==
"ПреплетувајќиСоединувајќи ги атмосферите на [[Франц Кафка|Кафка]] и [[Џорџ Орвел|Орвел]]" во едно<ref>{{cite magazine|last=Tonkin|first=Boyd|date=22 февруари 2008|title=Paperbacks: Agamemnon's Daughter, by Ismail Kadare|url=http://www.independent.co.uk/arts-entertainment/books/reviews/paperbacks-agamemnons-daughter-by-ismail-kadare-785330.html|magazine=[[The Independent]]|access-date=17 јули 2017}}</ref>, диптихот ''АгамемнонватаЌерката на Агамемнон ќерка/ Наследникот'' се смета за „едно од најдобрите и најсовршените остварувања на Исмаил Кадаре" – икако тоашто одго нарекува во воведот кон првото издание Клод Диран, уредникоттогашниот главен уредник на францускиот издавач на Кадаре, [[Фајар]].<ref name="AgamemnonsDaughter"></ref> Опишувајќи го како „хируршки директен“ во својата критика кон тоталитарниот режим, во еден подолг преглед на Кадареовиот опус за ''[[Њујорк тајмс]]'', Џејмс Вудс ја нарекува ''АгамемноватаЌерката на ќеркаАгамемнон'' „можеби најдобрата книга“ на Кадаре, сметајќи дека таа, заедно со ''Наследникот'', го конституира „сигурно„несомнено еден од најпотресителните записи за умствената и духовна контаминација спроведена врз поединецот од страна на тоталитарната држава“. Иако смета дека во двата романи Кадаре „го губи некогашниот голем романескнен елан, што го имаше во[од] ''[[Генералот на мртвата војска]]'', ''[[Скршениот април]]'' и ''[[Палата на соништата]]''“, во „Универзумот на романескната уметност на Кадаре“, [[Луан Старова]] оценува дека, сепак, албанскиот автор успеал, „со не помал успех да го допише и со овие два сегмента големиот роман за жртвувањето, како можеби единствен потфат во светските литератури“.<ref name="Диптих">{{Наведена книга|title=Наследникот|last=Старова|first=Луан|date=2003|publisher=Табернакул|isbn=9989-937-70-2|editor-last=Кадаре|editor-first=Исмаил|pages=167–206|chapter=Универзумот на романескната уметност на Кадаре}}</ref>
 
== Наводи ==