Ќерката на Агамемнон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
== Содржина ==
Целото дејство од новелата се случува во текот на неколку часа додека главниот наратор, анонимен телевизиски новинар со либерални ставови, се движи од својот дом кон стадионот каде се одржува годишната првомајска парада. На парадата ѝ претходат два настани: наратарот добива неочекувана покана да присуствува на прославата со место во ложата, а Сузана, ќерката на претпоставениот наследник на Водачот – благо завиен портрет на албанскиот претседател [[Енвер Хоџа]] – ја раскинува својата врска со нараторот, повикувајќи се на стравот што таа би можела да го оцрни угледот на нејзиниот татко. Слично како во [[Џејмс Џојс|Џојсовиот]] ''[[Улис]]'', новелата е внатрешен монолог што ги следи размислите на нараторот за Сузана и за луѓето со кои тој се среќава додека се движи до трибините на стадионот. Како таква, новелата функционира како еден вид "портфолио на скици за човекиов распад – сублимиран [[Пеколот (Божествена комедија)|Пекол]], во текот на кој наратарот среќава низа режимски жртви".<ref name="NewYorker">{{cite magazine|last=Woods|first=James|date=20 Decemberдекември 2010|title=Chronicles And Fragments: The Novels of Ismail Kadare|url=http://www.newyorker.com/magazine/2010/12/20/chronicles-and-fragments|magazine=[[The New Yorker]]|access-date=17 јули 2017}}</ref>
 
Како што е обично случај со Кадаре, судбината на дел од овие луѓе – со исклучок на Сузана, имињата на сите останати се заменети со иницијали – е сопостваена на еден древен албански наратив, првпат воведен како разјаснувачки коментар на подемот на Р. З., сикофант што преживеал дел од комунистичките чистки на начин никому доволно јасен. Приказната зборува за ќелавиот човек кој е спасен од Пеколот од страна на еден орел, кого за возврат тој го храни со сопственото месо; кога стигнува на небото, од него не останува ништо повеќе од скелет.
Ред 24:
 
== Критички осврт ==
"Преплетувајќи ги атмосферите на [[Франц Кафка|Кафка]] и [[Џорџ Орвел|Орвел]]" во едно<ref>{{cite magazine|last=Tonkin|first=Boyd|date=22 Februaryфевруари 2008|title=Paperbacks: Agamemnon's Daughter, by Ismail Kadare|url=http://www.independent.co.uk/arts-entertainment/books/reviews/paperbacks-agamemnons-daughter-by-ismail-kadare-785330.html|magazine=[[The Independent]]|access-date=17 јули 2017}}</ref>, диптихот ''Агамемнонвата ќерка/Наследникот'' се смета за „едно од најдобрите и најсовршените остварувања на Исмаил Кадаре" – и тоа од Клод Диран, уредникот на францускиот издавач на Кадаре, Фајар.<ref name="AgamemnonsDaughter"></ref> Опишувајќи го како „хируршки директен“ во својата критика кон тоталитарниот режим, во еден подолг преглед на Кадареовиот опус, Џејмс Вудс ја нарекува ''Агамемновата ќерка'' „можеби најдобрата книга“ на Кадаре, сметајќи дека таа, заедно со ''Наследникот'', го конституира „сигурно еден од најпотресителните записи за умствената и духовна контаминација спроведена врз поединецот од страна на тоталитарната држава“. Иако смета дека во двата романи Кадаре „го губи некогашниот голем романескнен елан, што го имаше во ''[[Генералот на мртвата војска]]'', ''[[Скршениот април]]'' и ''[[Палата на соништата]]''“, во „Универзумот на романескната уметност на Кадаре“, [[Луан Старова]] оценува дека, сепак, албанскиот автор успеал, „со не помал успех да го допише и со овие два сегмента големиот роман за жртвувањето, како можеби единствен потфат во светските литератури“.<ref name="Диптих">{{Наведена книга|title=Наследникот|last=Старова|first=Луан|date=2003|publisher=Табернакул|isbn=9989-937-70-2|editor-last=Кадаре|editor-first=Исмаил|pages=167–206|chapter=Универзумот на романескната уметност на Кадаре}}</ref>
 
== Наводи ==