Митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
#1Lib1Ref
Ред 8:
 
=== Терминологија ===
Тесно поврзани со митот се легендите и народните приказни. Митовите, легендите и народните приказни се различни типови традиционални приказни. За разлика од митовите, народните приказни можат да се случуваат во кое било време и кое било место, и општеството што ги раскажува овие приказни не ги смета за вистинити или свети. Како и митовите, легендите се приказни што според традицијата се сметаат вистинити, но се случиле во поскоро време, кога светот бил повеќе сличен на сегашниот. Во легендите најчесто главни ликови се луѓето, додека во митовите тоа најчесто се ликови со натчовечки карактеристики.
 
Разликата меѓу митот, легендата и народната приказна се користи за групирање на традиционалните приказни. Во повеќето култури тешко е да се повлече остра линија меѓу митовите и легендите. Наместо поделба на на митови, легенди и народни приказни, некои култури ги делат традиционалните приказни во две групи: една што е во потполна согласност со народните приказни и друга што ги комбинира митовите и легендите. Дури ни митовите и приказните не се сосем различни.Некоја приказна може во некое општество да се смета за вистинска (според тоа мит), но во друго општество да се смета за измислена(според тоа народна приказна). Всушност кога митот ќе го загуби статусот како дел од религиозниот систем, често добива карактеристики што се типични за народните приказни, поранешните божествени карактери се претворени во човечки херои, џинови и самовили.
Ред 58:
Теориите од [[20 век|20. век]] ги одбиваат теориите од [[19 век|19. век]] „спротивставеноста на митот и науката“. Општоземено, „теориите на 20. век се движат кон тоа на митот да не се гледа како на застарен дел од науката. Според тоа, современиците не се приморани да го напуштаат митот за науката.“
 
Шведскиот психолог [[Карл Јунг]] се обидел да ја разбере [[психологија]]та зад светските митови. Јунг смета дека сите луѓе делат одредени вродени несвесни психички моќи, што се нарекуваат архитипови. Според него, сличностите меѓу митовите од различни култури го откриваат постоењето на овие универзални архитипови.<ref>[[Arthur Cotterell|Artur Koterel]], Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 11.</ref> [[Џозеф Кембел]] мисли дека постојат два различни поделби на митологијата: дека има митови што се „метафори на духовниот потенцијал на човечките суштества“, и митови што „имаат врска со одделни општества“. [[Клод Леви-Строс]] тврди дека митовите изразуваат карактеристики на мислите, и тие карактеристики ги толкува како зацврстени умствени структури – особено спротивностите (пр. добро/зло, внимателност/грубост) – наместо несвесни чувства или потреби. Во „Митовите, соновите и мистериите“ и во „Митот за вечното враќање“, [[Мирче Елиаде]] ја опишал загриженоста на современиот човек за одбивањето на митовите и смислата на светот. Во 1950, [[Роланд Бартес]] објавил серија есеи што содржат истражувања за современите митови и процесот на нивното создавање во неговата книга „Митологии“.
<br />
Според полскиот писател и [[Филозофија|философ]], [[Бруно Шулц]], „нашите најтрезвени поими и определби се далечни изведенки од митовите и дамнешните приказни. Нема ниту ронка од нашите идеи, а да не потекнува од митологијата – да не е преобразена, осакатена, преточена митологија“. Според него, „митологизацијата на светот не е довршена. Тој процес само бил сопрен од развојот на науката, истиснат во некое странично корито, каде што живее не сфаќајќи ја својата суштинска смисла. Но, и науката не е ништо друго, освен градење мит за светот, бидејќи митот е веќе во самите елементи и надвор од митот воопшто не можеме да излеземе. Човечкиот дух е неуморен во толкувањето на животот со помош на митови, кои ги користи во „осмислувањето“ на реалноста.<ref>Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 81-82.</ref>