Разлика помеѓу преработките на „Африкански куп на нации“

нема опис на уредувањето
 
Започнувајќи од 2013 година, турнирот бил преместен за одржување во непарни бројни години за да не се судрира со Светското првенство организирано од [[ФИФА]].
 
== Историја ==
===Први првенства===
 
Во јуни [[1956]] година за време на третиот конгрес на [[ФИФА]] во [[Лисабон]] била основана [[Африканска фудбалска конфедерација]]. Веднаш се родиле планови за организирање на континентално фудбалско првенство. Првото се случило во февруари [[1957]] година, кога во Картум се одржало првото издание на Африканскиот куп на нации. Првичната идеја била да учествуваат четирите земји основачи на ЦАФ - Египет, Етиопија, Јужноафриканска Република и Судан, но Јужноафриканците одбиле да испратат тим составен и од бели, и од обоени играчи. Тоа довело до дисквалификација на тимот од турнирот и нивно исклучувањето од Африканската фудбалска конфедерација. До враќањето во конфедерацијата во [[1992]] година, [[Јужноафриканска Република]] не учествувала во никакви меѓународни првенства на африканскиот континент. На овој начин првиот турнир поминал со учество на три екипи и вклучувало само на два натпревари, а Етиопија, која требало да биде противник на Јужноафриканска Република во полуфиналната средба, се пласирала директно во финалето. Египет станал првиот шампион на Африка, откако го победил Судан во полуфиналето и Етиопија во финалниот натпревар.
 
Две години подоцна истите три екипи зеле учество во второто издание на Купот на африканските нации во Египет. Тимот на домаќините успеал да ја одбрани титулата, победувајќи го овој пат Судан во решавачкиот натпревар. На турнирот во [[1962]] година во [[Адис Абеба]] дебитирале репрезентациите на [[Тунис]] и [[Уганда]]. Шампион на ова првенство станала репрезентацијата на Етиопија, која го победила Египет во финалето по продолжение, не дозволувајќи им на Египќаните да добијат трета последователна титула.
 
Во [[1963]] година Гана учествувала за прв пат како домаќин на турнирот и успеала да го освои по убедливата победа над Судан во финалето. Во следната деценија Гана се етаблирала како главна фудбалска сила во Африка, успевајќи да го повтори својот успех две години подоцна на првенството во Тунис, на тој начин да го израмни постигнувањето на Египет од две титули, а на следните две изданија на турнирот стигнала до финалниот натпревар. На првенството во 1965 година било воведено ново правило со цел забрзување на развојот на африканскиот фудбал: секој тим може да пушта на теренот не повеќе од двајца играчи, по потекло од неафрикански земји.
 
На Купот на африканските нации во 1968 година биле направени две групи со по четири екипи, од кои првите два се квалификувале за полуфиналето. Овој формат на турнирот се задржал до [[1992]] година. Демократска Република Конго освоил својата прва титула, победувајќи ја Гана во решавачкиот натпревар, а две години подоцна екипата на Судан го кренал трофејот по победата повторно над Гана. Играчот на Брегот на Слоновата Коска, напаѓачот Лоран Поку станал прв стрелец на овие две првенства односно со шест и осум гола, а неговите вкупно 14 голови како рекорд биле надминати дури во 2008 година.