Африкански куп на нации: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 22:08, 10 јули 2017

Африкански куп на нации (француски: Coupe d'Afrique des Nations) — главниот меѓународен фудбалски турнир во Африка. Тој се одржува под покровителство на Африканската фудбалска конфедерација и претставува првенство исто како што е Европското првенство во фудбал. Првото првенство на турнирот било одржано во 1957 година, а од 1968 година тој се одржува на секои две години.

Африкански куп на нации

Само три екипи учествувале на Африканскиот куп на нации во 1957 година, и тоа Египет, Судан и Етиопија, а екипата на Јужноафриканска Република била дисквалификуван поради апартхејдот. Подоцна турнирот се проширил и биле воведени квалификации во кои учествуваат речиси сите национални тимови од Африка. Во 1998 година за прв пат на турнирот учествувале 16 екипи кои биле распределени во четири групи по четири екипи во секоја, а првите две од секоја група продолжуваат во фазата на директните елиминации. Овој формат на турнирот останува непроменет до денес.

Досега вкупно 13 репрезентции го освоиле Африканскиот куп на нации. Египет го држи рекордот со освоени 7 титули, додека Гана и Камерун имаат по 4 титули.

Започнувајќи од 2013 година, турнирот бил преместен за одржување во непарни бројни години за да не се судрира со Светското првенство организирано од ФИФА.