Разлика помеѓу преработките на „Февруарски поход“

Додадени 523 бајти ,  пред 3 години
нема опис на уредувањето
(Одбиена последната промена во текстот (од Ристо Савески) и вратена преработката 2206571 на Zdravko)
[[Податотека:Fevruarski pohod.jpg|thumb|290px|Движење на партизанските единици за време на Февруарскиот поход]]
'''Февруарски поход''' е поход на [[Народно ослободителна војска на Македонија|Народноослободителната војска на Македонија]], која во февруари [[1944]] година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна, и западна Македонија.
 
Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во [[Меглен]]ско, [[Егејска Македонија]], јужно од [[Кожуф]], се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на [[Втора македонска бригада|Втората македонска бригада]] на [[20 декември]] [[1943]] година во тој реон, с.селото [[Фуштани]], [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во [[Тиквеш]]ко, [[Гевгелиско]] и во [[Мариово|Мариовско]].<ref>[http://217.16.70.245/?pBroj=1397&stID=7759&pR=9 „Шеесет години од Февруарскиот поход на македонската војска“, Утрински весник, Број 1397, 16 октомври 2006.]</ref>
 
Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против нашитепартизанските сили во [[Меглен]]ско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од [[Солун]] и [[Воден]], а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во [[Штип]], и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.
 
По завршувањето на овие офанзиви во кои партизанските сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од [[Меглен]]ско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план:
 
* Првата борбена група, која ја сочинувала [[Прва македонско-косовска бригада|Првата македонско-косовска бригада]], требало изутрината на 31 јануари 1944 година од с.селото [[Бахово]] да тргне преку [[Мариово]], [[Азот (област)|Азот]] и [[Порече]] кон западна Македонија.
* Втората борбена група, која ја сочинувала [[Втора македонска бригада|Втората македонска бригада]], требало изутрината на 31 јануари 1944 година да тргне од с.селото [[Зборско]] во борбени акции во реонот на [[Тиквеш]]ко и [[Гевгелиско]], со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група.
* Третата борбена група, наречена Тичова група, што ја сочинувале еден македонски баталјон и [[Бугарски баталјон „Христо Ботев“|бугарскиот баталјон „Христо Ботев“]] заедно со Главниот штаб требало да тргне истиот ден, во исто време, од с.селото [[Зборско]] преку [[Беласица]], [[Плачковица]] и [[Осогово]] да дојде до [[Куманово|Кумановско]]. Откако ја преминала реката [[Вардар (река)|Вардар]] во близина на [[Солун]], оваа група по десетина дена пристигнала во Источна Македонија.<ref>[http://znaci.net/00003/495.htm Svetozar Vukmanović Tempo, "Revolucija koja teče", knjiga I]</ref>
 
Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто.
По [[Пролетна офанзива|Пролетната офанзива]] 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на [[АСНОМ]].
 
== ИзвориНаводи ==
{{reflist}}
 
6.261

уредување