Аполон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
ситна поправка
Ред 5:
 
'''Аполон''' ([[Старогрчки јазик|старогрчки]]: '''Ἀπόλλων''') во [[грчка митологија|старогрчката митологија]] а подоцна и во [[римска митологија|римската]] бил еден од главните божества на [[Олимп]], заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, музиката, поезијата, пророчките моќи, танцот, морето, светлоста и сонцето, предводник на музите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која се раскажува дека е син на [[Зевс]] и [[Лето (божица)|Лето]] (или [[Латона]] кај Римјаните), брат близнак на божицата [[Артемида]]<ref>[[Arthur Cotterell|Artur Koterel]], Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 201 - 202.</ref> (кај Римјаните [[Дијана]]). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Ѕевс и Лето и кога божицата [[Хера]] разбрала за тоа многу се налутила и, сакајќи да ѝ се одмазди на Лето, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоа [[континент]] или [[остров]]. Очајна, Лето талкала сè додека не стигнала до островот Делос кој, согласно митот, не бил целосно спуштен на тлото и така токму таму Лето можела да го роди Аполон.
 
== Култот кон Аполон ==
 
 
Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секако [[Делфи]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аполон