Афродита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
#1Lib1Ref
Ред 23:
== Преданија ==
 
Според една верзија се смета дека била ќерка на богот Зевс и Диона, а според друга таа била родена од морската пена<ref>[[Artur Koterel]], Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр.198</ref>. Му била жена на тромавиот Хефест и мајка на тројанскиот јунак Енеј. На свадбата на Пелеј и Тетида (родителите на Ахил) биле поканети сите богови и божици освен Ерида (божица на неслогата). Поради тоа Ерида многу се налутила и непоканета отишла на свадбата и меѓу божиците фрлила златно јаболко на кое било напишано „За најубавата“. Божиците Хера, Атина и Афродита, сметајќи секоја дека е најубава, се фрлиле по јаболкото и се скарале. Зевс тогаш им наредил да одат кај младиот јунак Парис, кој требал да пресуди која од нив е најубава. Хера му ветила огромно богатство и власт, Атина мудрост и слава, а Афродита му ја ветила најубавата жена. Парис тогаш ѝ го фрлил јаболкото на Афродита. Со нејзина помош Парис ја одвел Елена во Троја и тоа било причина за тројанската војна.
 
Исто така, била наречена Киприс или Китерка, според двете места во кои се тврди дека била родена (островите Китера и Кипар). Животни посветени во нејзина чест се врапчето, гулабот и лебедот. Нејзин пандан во [[римска митологија|римската митологија]] е божицата [[Венера (божица)|Венера]].