Џорџ Гордон Бајрон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Ред 30:
Својот најзнаковит претставник англискиот романтизам го наоѓа во бујната, нескротлива и поетична личност на Џорџ Гордон Бајрон. Неговите стихови се израз на длабоко проживеаното искуство на непомирлив бунтовник пред конформизмот на сопствената средина, прогнаник, романенпоет задоен со чувството на светската тага и пламен поборник против ропството и тиранијата.
 
Потомок на осиромашено благородништво, сепак, на десетгодишна возраст се стекнува со титулата [[лорд]] и живее во замокот на своите предци, а по завршените студии во [[Кембриџ]] станува член на [[Дом на лордовите|Домот на лордовите]]. Меѓутоа, никогаш слободарскиот дух на "куциот [[Аполон]]" (како што го нарекувале; со едната нога куцал) не се вклопувал во калапот на својата средина. На негативниот прием на неговата прва стихозбирка ''[[Часови на бездејство]]'' ([[1807]]), Бајрон одговара со остра сатира - ''[[Англиските барди и шкотските критичари]]'' ([[1809]]), во која ги напаѓа неприкосновените авторитети на англиската критика, но и поетите. Во младешка резигнација ја напушта земјата. Во текот на неговото патување по [[Средоземно Море|средоземјето]] ([[Шпанија]], [[Албанија]], [[Грција]], [[Турција]]) ќе ја напише поемата ''Странствувањето на Чајлд Харолд'' ([[1812]]-[[1818]]), која по враќањето дома му носи неочекувана и мигновена слава. Меѓутоа, неговиот настап во Горниот дом во одбрана на [[лудисти]]те, разгневените англиски работници, ќе му донесе многу нови непријатели меѓу конзервативното англиско благородништво и конечно и по скандалот околу неговиот развод, ќе биде принуден засекогаш да ја напушти Англија. Извесен период живее во [[Швајцарија]], а последната година од животот ја минува во Грција, воодушевен од грчката борба за национално ослободување.<ref>[[Раде Силјан]], Прилози за наставата по литература, Матица Македонска, Скопје, 2001 стр. 38 - 40</ref>
 
Како плод на двегодишното патување по средоземјето ги создава и поемите ''Ѓаур'' ([[1813]]), ''Абидоската свршеница'' ([[1813]]), ''Гусар'' ([[1814]]), ''Лара'' ([[1814]]). Во Швајцарија, меѓу другите, ги создава и драмите ''Манфред'' ([[1817]]), ''Каин'' ([[1821]]), ''Визија на небесното судење'' ([[1822]]). Неговото најобемно дело, хумористично-сатиричната поема ''Дон Жуан'', која претставува духовита, [[Пикарски роман|пикарска]], бурлескна и разновидно распослана слика на современоста, која во најголемиот дел е сатира на англиските манири на убаво и прифатливо општествено однесување, останува недовршена.