Сварог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
''со своите апостоли.''
 
Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е ставен во ист ред и со Пречистата Мајчица (очигледно - [[Богородица]]), а израмнет е и со [[Исус Христос]], така што тој, а не Исус, е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на [[Божик]] и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претпоставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во [[19 век]], каде што наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на [[Белобог]], едно од имињата на богот на светлината и огнот. Со името на Сварог се поврзани некои локалитети, кои зборуваат за неговиот култ. Такви се, на пример, Сварожин и Сваришево во [[Полска]]. Како единствен на [[Балкан]]от, го среќаваме топонимот Сварог во бугарското село Ракита, Брезнишко<ref>[[Танас Вражиновски]],Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 259</ref>. Станува збор за една височинка покрај река.
 
== Сварожиќ ==
'''Сварожиќ''' според повеќето извори бил бог на сонцето, персонификација на огнот, а некаде и бог на ветриштата. Според старите извори Словените му се молеле на огнот именувајќи го со името Сварожиќ. Деминутивниот облик веројатно следел по верувањата дека е тој син на Сварог, за што кај [[Русија|Русите]] постојат и пишани податоци. Кај [[Јужни Словени|Јужните Словени]] името на Сварог се задржало во некои коледарски божиќни песни каде во прославите на раѓањето на новото сонце дошло до блага идентификација на Сварожиќ и раѓањето на малиот христијански бог<ref>[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.216.</ref> Меѓу словенските народи се појавува и идентификација помеѓу Сварожиќ и Дажбог, но и можноста и двата да се синовите на Сварог.
 
== Литература ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сварог