Француска Горна Волта: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
}}
'''Француска Горна Волта''' ([[француски]]: ''Haute-Volta'') — француска колонијална територија во федерацијата на [[Француска Западна Африка]] која била основана на [[1 март]] [[1919]] година и која опфаќала територии кои биле дел од колониите на [[Горнен Сенегал и Нигер]] и [[Брегот на Слоновата Коска]]. Колонијата била распуштена на [[5 септември]] [[1932]] година. По [[Втората светска војна]], на [[4 септември]] [[1947]] година колонијата била обновена како дел од Француската унија, со претходните граници. На [[11 декември]] [[1958]] година, таа била реконституирана како самоуправна Република [[Горна Волта]] во рамките на Француската заедница, а две години подоцна, на [[5 август]] [[1960]] година, таа добила целосна независност. На [[4 август]] [[1984]] година името на земјата било променето во [[Буркина Фасо]].
 
== Историја==
 
До крајот на [[19 век]], на територијата на Горна Волта доминирало Царството Моси, за кое се верува дека дошло до нивната територија од Северна Гана. Со векови, селанецот Моси бил земјоделец и војник, а народот Моси можел да ги брани своите верски убедувања и социјална структура против насилните обиди да ги преобратат во [[ислам]] од муслиманите од северозапад.
 
Кога Французите пристигнале и ја добиле областа во [[1896]] година, отпорот на народот [[Моси]] завршил со заземањето на нивниот главен град [[Уагадугу]]. Во [[1919]] година, некои провинции од [[Брегот на Слоновата Коска]] биле обединети во посебна колонија наречена [[Горна Волта]] во федерацијата на [[Француска Западна Африка]]. Во [[1932]] година, новата колонија била распарчена но била повторно реконституирана во [[1937]] година како административна единица. По [[Втората светска војна]], народот Моси го обновувил притисокот за посебен територијален статус и на [[4 септември]] [[1947]] година Горна Волта повторно станала француска западноафриканска територија.
 
Ревизијата во организацијата на француските прекуморски територии започнало со усвојувањето на Loi Cadre од [[23 јули]] [[1956]] година. Овој чин бил проследен со мерки за реорганизација одобрени од францускиот парламент на почетокот од [[1957]] година, што обезбедил голем степен на самоопределување. Горна Волта станала автономна република во рамките на Француската заедница на [[11 декември]] [[1958]] година.
 
Горна Волта прогласила независност на [[5 август]] [[1960]] година. За прв претседател бил избран [[Морис Јамеого]]. Уставот од [[1960]] година предвидувал избори со универзално право на глас на претседател и национално собрание за период од пет години. Набргу по доаѓањето на власт, Јамеого ги забранил сите политички партии, освен сопствената.