Француска Западна Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
|capital = [[Сент Луис (Сенегал)|Сент Луис ]] (1895–1902)
[[Дакар]] (1902–1960)
|common_languages = [[феанцуски]] (официјален)
|currency = [[Француски западноафрикански франлфранк]]
|today = {{flag|Benin}}
{{flag|Burkina Faso}}
{{flag|Guinea}}
{{flag|Ivory Coast}}
{{flag|Libya}}
{{flag|Mali}}
{{flag|Mauritania}}
{{flag|Niger}}
{{flag|Senegal}}
{{flag|Togo}}

Ред 61:

Четирите комуни во Сенегал имале право да изберат заменик кој ќе ги застапува во францускиот парламент во годините 1848-1852, 1871-1876 и 1879-1940. Во [[1914]] годинабил избран првиот африканец за заменик на Сенегал во францускиот парламент. Во [[1916]] годинапреку Националното собрание бил прогласен закон со кој им се дало целосно државјанство на сите жители на сенегалските комуни, а за возврат заменикот ветил дека ќе помогне да ангажира милиони Африканци да се борат во [[Првата светска војна]].

Додека Французите ја спроведувале својата улога во [[Освојување на Африка|борбата за Африка]], во текот на 1880-тите и 1890-тите, тие освоиле големи копнени површини и најпрвин ги отстапиле како дел од колонијата Сенегал или како независни ентитети. Овие освоени области обично биле управувани од офицери на француската армија и се нарекувале „воени територии“. Во доцните 1890-ти, француската влада ги префрлила сите територии западно од [[Габон]] на еден гувернер со седиште во [[Сенегал]], кој бил одговорен директно пред министерот за надворешни работи. Првиот генерален гувернер на Сенегал бил именуван во [[1895]] година, а во [[1904]] година териториите што тој ги надгледувал биле формално наречени Француска Западна Африка. [[Габон]] подоцна станал седиште на федерација [[Француска Екваторијална Африка]].

По Падот на Франција во јуни [[1940]] година и [[Битка кај Дакар|двете битки]] кај [[Дакар]] против слободните француски сили во јули и септември [[1940]] година, властите во Западна Африка прогласле верност кон [[Вишиевска Франција]], како и колонијата на [[Француски Габон]]. Под оваа власт земјата се задржила до 1942 година кога сојузниците од Втората светска војна ја ослободиле.

По [[Втората светска војна]], француската влада започнала процес на проширување на ограничените политички права во своите колонии. Во [[1945]] година, француската привремена влада доделила десет места во Француска Западна Африка во новото конститутивно собрание кое било повикано да напише нов француски устав. Од нив, пет биле избирани од граѓани, а пет од африканските субјекти. Изборите довеле до истакнување на новата генерација африканци кои биле образовани од Франција. На [[21 октомври]] [[1945]] година биле избрани шест Африканци, а истото се случило и на Второто конститутивно собрание на [[2 јуни]] [[1946]] година.

Француската империја беше преименувана во Француска унија на [[27 октомври]] [[1946]] година, кога била формирана и [[Четврта Француска Република]]. Кон крајот на [[1946]] година, според новиот устав, секоја територија за прв пат (освен сенегалските комуни) можела да избира локални претставници, иако со ограничена франшиза, на новоформираните генерални совети. Овие избрани тела имале ограничени консултативни овластувања. Првите избори се одржале кон крајот на [[1956]] година. На [[31 март]] [[1957]] година, со универзално право на глас, изборите за територијални избори биле одржани во секоја од осумте колонии.

Уставот на Француската Петта Република од [[1958]] повторно ја сменил структурата на колониите. Секоја територија требало да стане „протекторат“, со консултативното собрание наречено Национално собрание. Гувернерот назначен од Французите бил преименуван во „Високи комесар“ и бил шеф на држава на секоја територија. Законски, федерацијата престанала да постои по референдумот во септември [[1958]] година. Сите колонии, освен [[Гвинеја]], гласале да останат во новата структура. Гвинејците главно гласале за независност. Во [[1960]] година била спроведена дополнителна ревизија на францускиот устав, главно поради неуспехот на Франција во Првата индокенеска војна и тензиите во [[Алжир]]. Овие измени им овозможило на членките на Француската заедница еднострано да ги менуваат своите устави. [[Сенегал]] и поранешниот [[Француски Судан]] станаале [[Федерација Мали]] (1960-61), додека [[Брегот на Слоновата Коска]], [[Нигер]], [[Горна Волта]] и [[Дахомеја]] подоцна ја формирале своја краткотрајна унија.