Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
 
На [[Македонски парламентарни избори, 2011|парламентарните избори во 2011 година]] ВМРО-НП добила 28.500 гласа (2,51%), но поради изборниот модел не освоила ниту еден мандат. Сепак, во [[2012]] година, Додовски направил неуспешен обид за приклучување на партијата кон ВМРО-ДПМНЕ, по што тој, заедно со генералниот секретар и повеќе членови, преминал во ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, за претседател на ВМРО-НП повторно бил избран Љубчо Георгиевски. На локалните избори во [[2013]] година партијата настапила заедно со опозицијата, додека на [[Македонски парламентарни избори, 2014|парламентарните избори]] во [[2014]] година настапила самостојно освојувајќи само 1,5% од гласовите (16.722 гласа), со што не успеала да освои ниту едно пратеничко место.<ref>Ѓорѓи Спасов, „Груевски си купува партии како на Бит-пазар“, ''Фокус'', број 1099, 28 октомври 2016, стр. 40-41.</ref>
 
На [[Македонски парламентарни избори (2016)|парламентарните избори во 2016]] година партијата учествувала во коалицијата „ВМРО за Македонија“ заедно со [[Достоинство (политичка партија)|Достоинство]] и [[Обединети за Македонија]].<ref>[http://mrt.com.mk/node/35782 Промовирана новата коалиција „ВМРО за Македонија“], [[МРТ]], 04.11.2016</ref> Коалицијата освоила 24.524 гласови, односно 2% од вкупниот број на гласови. Коалицијата не освоила пратенички мандат.
 
Во склоп на партијата функционира и младинска организација т.е. Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија, чиј претседател е Дино Блажевски.