Вошка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
[[sv:Huvudlus]]
[[zh:頭蝨]]
 
Вошките се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото. Вошливоста е честа во школите, во центрите со дневен престој и други простори, кои се пренатрупани и каде децата се во близок меѓусебен контакт. Доколку вашето дете било во контакт со друго дете кое има вошки, прочитајте ја внимателно оваа информација
 
Како се пренесуваат и како да се препознаат?
Вошките не можат нити да скокаат нити да летаат. Се пренесуваат со директен контакт или индиректно со заедничка употреба на шешири, капи и четки. Женките ги депонираат јајцата во косата и тоа во близина на коренот (близина на скалпот) каде е најтопло. Јајцата наликуваат на беличасто-сивкасти зрнца кои се фиксирани за коренот на влакната и не може да се исчеткаат како перут. Најчесто се сместуваат во тилниот дел или зад ушите и може да се видат со голо око. Возрасните вошки се потемно обоени и се гледаат како се движат низ косата. Кај тешки инфестации присутен е интензивен јадеж на скалпот .
 
Колку време детето е заразно за другите и кога може да се врати во градинка/училиште?
Инфективен период/исклучување од дневниот престој на инфицираните деца треба да е до следното утро, по третманот.
 
Погрешни верувања и предрасуди за вошките
Децата со вошки често се стигматизираат, но ова е погрешно бидејќи практично секој може да добие вошки. Вошките преферираат чиста и здрава коса и скалп. Добрата лична хигиена не може да го заштити вашето дете од вошки. Не е пријатно некој да добие вошки, но секако не е фатално. Единствениот начин на кој вошките вистински може да ве повредат, е ако заради чешањето секундарно се инфицираат раните.
 
Превенција и третман
Кога некој ќе добие вошки треба да се третира целата фамилија . Вошките се кријат во четките за коса, во креветот и во мебелот на куќата и лесно се шират.
 
* Во минатото, а кај нас сеуште е раширена појава да се избричи косата на главата и да се намачка со газија Ова не треба да се прави, бидејќи денес постојат ефикасни шампони проти вошки, кои се достапни во локалните аптеки.
* Уште поопасна појава е главата на детето да се мачка, не со шампони за вошки туку со други средства, на пример со инсектициди, во кој случај може да настанат смртоносни труења.
* Покрај главата, треба да се третира и облеката, капутите, шапките и другите работи вклучувајќи jа и постелнината, така што ќе се исперат во топла вода со детерџент.
* За предметите за кои перење не е возможно се препорачува хемиско чистење. Играчките и други работи кои не може да се исперат треба да се стават во затворена пластична кеса и да се остават неколку недели бидејќи вошките нема да преживеат без човечки домаќин повеќе од неколку дена.
* Мебелот и ќилимот се вакумираат со правосмукалка. Треба да се направи големо чистење.
 
Каде да се обратите за помош?
 
* Вашиот лекар
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вошка