Разлика помеѓу преработките на „Партија за демократски просперитет“

нема опис на уредувањето
}}
 
'''Партијата за демократски просперитет''' (ПДП) е [[политичка партија]] на етничките [[Албанци]] во [[Република Македонија]]. Основана е на [[15 април]] [[1990]]. Од [[1992]] до [[1998]] ПДП е дел од коалиционите влади предводени од [[СДСМ]]. По [[ПарламентарниМакедонски парламентарни избори (1998 година)|парламентарните избори од 1998 година]], ПДП преминува во опозиција и оттогаш поддршката за ПДП почнува драстично да опаѓа. Некогашната најсилна партија кај етничките Албанци во Република Македонија, на [[ПарламентарниМакедонски парламентарни избори (2002 година)|парламентарните избори во 2002 година]] освои само 2,3% од гласовите и само два мандати во [[Собрание на Република Македонија|Собранието]]. На [[Македонски парламентарни избори (2006 година)|парламентарните избори 2006 година]] настапи во коалиција со [[Демократска унија за интеграција|Демократската унија за интеграција]] и освои три мандати. По изборите ПДП беше во опозиција, но во мај [[2007]] година партиското раководство одлучи да ја прифати понудата на премиерот Никола Груевски да влезе во [[Влада на Република Македонија од 2006|владината коалиција]], добивајќи го министерството за локална самоуправа.
 
Во моментот претседател на ПДП е [[Абдулади Вејсели]], а негови претходници беа: [[Невзат Халили]], [[Абдурахман Алити]] и [[Имер Имери]].