Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
rv
Ред 13:
}}
 
'''Никола Јонков Вапцаров''' ([[7 декември]] [[1909]] - [[23 јули]] [[1942]]) e [[бугарскиМакедонец|македонски]]<ref>[http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=886C7532A734EA48B8B5FEEF928402ED Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество (13“)]</ref> писател и комунист роден во [[Банско (град)|Банско]], [[БугаријаПиринска Македонија]] (денес [[Бугарија]])<ref>[http://focus-news.net/?id=n1301207 Елена Вапцарова в писмо от 1968 г.: Родината за Вапцаров е България, 20 ноември 2009, Агенция "Фокус"]</ref> Бил член на [[Сојуз на бугарските писатели|Сојузот на бугарските писатели]]. Посмртно е добитник на почесната [[Меѓународна награда за мир]] во [[1952]] година.
 
Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу [[Македонци]]те кои твореле на други јазици, освен на [[македонски]]от. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик.<ref>Никола Йонков. "Моторни пѣсни", София, 1940</ref> Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на [[бугарски јазик]]. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.<ref>''Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.''</ref>
Ред 19:
== Живот ==
 
Вапцаров е роден во [[Банско (град)|Банско]] во [[БугаријаПиринска Македонија]] во [[1909]] година во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била [[учител]]ка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија.<ref>''Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.''</ref>
 
Завршил основно училиште и шести клас гимназија во [[Разлог]]. Тој тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во [[Варна]], каде се сретнал со [[Марксизам|марксистичко-ленинистички]] кружок и станал активист на кружокот. Овде го публикува своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето во [[1932]] Вапцаров станал [[машински техничар]], отпрвин на еден [[Брод (пловило)|брод]] со кој патувал по северниот брег на [[Африка]]. Поради ограничената комуникација со луѓе тој ја напуштил таа служба и се вработил во селото [[Кочериново]] како техничар во фабрика за хартија и мукава. Во [[1933]] година бил тепан од страна на функционери на [[ВМРО]] поради неговите политички дејствувања. Нешто потоа на патот од [[Благоевград|Горна Џумаја]] за Кочериново бил извршен и неуспешен атентат врз него, поради што Вапцаров напишал писмо до [[Ванчо Михајлов]], прашувајќи го зашто сакаат да го убијат. Овој настан подоцна ќе ја инспирира стихотворбата „Песна“.