Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
== Живот ==
 
Вапцаров е роден во [[Банско (град)|Банско]] во [[Пиринска МакедонијаБугарија]] во [[1909]] година во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била [[учител]]ка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија.<ref>''Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.''</ref>
 
Завршил основно училиште и шести клас гимназија во [[Разлог]]. Тој тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во [[Варна]], каде се сретнал со [[Марксизам|марксистичко-ленинистички]] кружок и станал активист на кружокот. Овде го публикува своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето во [[1932]] Вапцаров станал [[машински техничар]], отпрвин на еден [[Брод (пловило)|брод]] со кој патувал по северниот брег на [[Африка]]. Поради ограничената комуникација со луѓе тој ја напуштил таа служба и се вработил во селото [[Кочериново]] како техничар во фабрика за хартија и мукава. Во [[1933]] година бил тепан од страна на функционери на [[ВМРО]] поради неговите политички дејствувања. Нешто потоа на патот од [[Благоевград|Горна Џумаја]] за Кочериново бил извршен и неуспешен атентат врз него, поради што Вапцаров напишал писмо до [[Ванчо Михајлов]], прашувајќи го зашто сакаат да го убијат. Овој настан подоцна ќе ја инспирира стихотворбата „Песна“.