Световид: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка |
#1Lib1Ref |
||
Ред 20:
Световид, Свентевит, Свантовит според некои автори бил врвниот бог на Словените, а според другите му припаѓало врвното мество меѓу божествата на Балтичките Словени<ref>[[Танас Вражиновски]],Речник на народна митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000,
стр384</ref>. Кон првото тврдење се наведуваат и записите на Хелмолд, Сакс Граматик и Книтлинг Зег, најстарите хроничари на словенската духовност, но и поновите меѓу кои се издвојува Чајкановиќ. Меѓу останатото во записите од хрониката на Хелмолд се сретнува и следното: ‘Се гордеат и со самото име на [[Св. Вид]], нему му имаат посветено и изфрадено со најголеми почести скулптура и храм, особено припишувајќи му водство меѓу боговите. И сите словенски провинции од него бараат пророштва а годишната [[жетва]] ја откупуваат во жртвите. Хелмолд и Сакс Граматик името на Световид го изедначуваат со Св. Вид, а на тој начин неговото постоење го врзуваат со прифаќањето на христијанскиот божји слуга од страната на Словените и неговото воздигање и трансформирање во паганското божество. Но, ваквото тврдење сепак било дел од кампањата за истребување на словенскиот пантеон и потполна христијанизација на народите. Како бог кој имал исклучителни моќи. Световид имал и повеќе функции, пред с#, неговото име потврдува дека тој го согледувал светот, вселената. Ш. Кулшиќ ја нагласува неговата хтонична и воинствена карактерност, потврда за ова го наоѓа во народната поезија каде го идентификува ‘Белиот Вид - воин кој се враќа по долго војување’ со ова прастаро божество. Световид бил идентификуван и како божество на плодноста, неговото покровителство се однесувало на аграрот и природата воопшто, но исто така и според другите автори ја делел воинствената моќ со своите верници. Оттаму и тој како и повеќето словенски божества припаѓа и на небесно божествено пространство, но во исто време е и хтонично божество кое имало моќ да ја претскажува иднината.
|