'''Едмонд Адеми''' ({{роден на|29|јуни|1975}}) — [[Македонија|македонски]] политичар од [[Македонски Албанци|албанска етничка припадност]] и, член на [[СДСМ]]. Адеми работел како советник на министерот за внатрешни работи [[Оливер Спасовски]] во техничката влада на [[Емил Димитриев]] од 2016 година, а во 2017 бил назначен на функцијата [[министер без ресор]] во [[Влада на Македонија од 2017|владата на Зоран Заев]]. Пред тоа во периодот 2011–2015 работел како извршен директор во институтот за економски истражувања „Либерта“, а извесен период бил асистент на американските амбасадори во Македонија [[Џилијан Миловановиќ]] и [[Филип Рикер]]. Тој дипломирал [[социологија]] на [[универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]].<ref>[http://fokus.mk/asdshto-otkrivaat-biografiite-na-chlenovite-na-novata-vlada/ Што откриваат биографиите на министрите во новата влада на Заев?] Фокус (29 мај 2017)</ref>