Разлика помеѓу преработките на „Змеј“

Додаден 171 бајт ,  пред 3 години
#1Lib1Ref
(ситна поправка)
(#1Lib1Ref)
== Змејот во народните верувања ==
[[Податотека:Zmei Gorinich (colour fixed).jpg||мини|десно|250п|''Змеј'', од Виктор Васнетсов]]
Според народното верување змејовите настанувале од [[змија]] постара од четириесет или сто години, од рибата [[крап]] која наполнила четириесет години. Змејот според некои верувања настанувал од [[птица]], [[петел]]от и [[мисир]]от можеле да се претворат во змеј; змејот можел да биде роден и како човек (со специфични обележја како новороденче: ципа под мошниците, опашка, заби, шест прсти и др.), се верувало дека таквите деца настанале од врската меѓу змеј и жена, некаде се верувало дека децата родени по [[смрт]]та на родителот, или вонбрачните деца можат да се претворат во змеј или им се припишувале натприродни способности својствени за митолошкото сфаќање за карактеристиките на змејот<ref>[[Танас Вражиновски]],Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.180</ref>. Но, за одржување на ваквото дете во животот според старите верувања морале да се спроведат многу обредни правила; првата ноќ го варделе ‘чистите жени/ девојки ’ (вирго), некаде тоа го правеле девет стари жени, некаде дванаесет девојки кои во таа една ноќ подготвувале облека за новороденчето на кое му се припишувале својствата на заштитникот на селото. Во [[Македонија]] се верувало дека змејски карактеристики стекнува детето родено во глуво доба и тоа се нарекувало змејко.
 
Змејот во најголем број на народни преданија му припаѓа на машки пол, (во наративното творештво ретко се сретнува мома-змејовица, но со никаков опис не ѝ се даваат карактеристики на змејот, туку таа е опишана како прекрасна девојка), како негово живеалиште се наведувале планините, пештерите, карпите, реките и изворите, кај светите дрвја, најчесто околу дабовите, под земјата.