Петар Петровиќ-Његош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
неје етнички црногорац
#1Lib1Ref
Ред 35:
'''Петар II Петровиќ Његош''', световно име ''Раде Томов Петровиќ'' ([[Његуши]], {{роден на|1|ноември|1813}} - {{починал во|Цетиње|}}, {{починал на|31|октомври|1851}}), бил владика и владетел на [[Црна Гора]] од династијата [[Династија Петровиќ-Његош|Петровиќ-Његош]], тој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.
 
Неговото родено име било Раде, а како дете бил овчар на падините на [[Ловќен]]. Неговиот чичко, митрополит [[Петар I Петровиќ Његош|Петар I]], го забележал бистриот ум на Раде и го повел со себе во манастирот на [[Цетиње]], кога Раде имал 12 години <ref>П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 133 од поговорот на Димче Левков</ref>. Во манастирот, Раде научил да чита и да пишува, го учел [[рускиот јазик]], подоцна и [[Италијански јазик|италијанскиот]]. Покажал голем интерес за народните песни, па и самиот почнал да пишува стихови. Учители му биле [[Јосип Троповиќ]] и [[Сима Милутиновиќ Сарајлија]], кој при крајот на [[1827]] година се нашол на [[Цетиње]]<ref>Петар Петровић Његош,Горски вјенац,БИГЗ, Београд, 1981, стр. 10 - 11</ref>.
 
Во 1827 година, митрополитот [[Петар I Петровиќ Његош|Петар I]] го определил Раде за свој наследник, а по неговата смрт во 1830 година, Раде со неполни седумнаесет години станал Петар II, духовен и световен владетел на [[Црногорци]]те. Во тој момент [[Црна Гора]] била разединета и затворена од сите страни, без централна државна организација, а школувана личност била голема реткост <ref>П.П. Његош „Горски венец“, Мисла, Култура, Македонска книга, 1988, стр. 134 од поговорот на Димче Левков</ref>. Племињата станувале едни против други, крвната освета била честа, а околните непријатели, посебно турските паши, ги поткупувале селаните со леб и жито за да се кренат против власта.