Вештерка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Ред 16:
 
== Зло битие ==
Постоеле верувања дека вештерка станува жена која била зачната во зол час, или од луѓето кои не ги почитувале постите и полно општеле, поретко се верувало дека женското дете што е радено во плацента станува вештерка, а најчесто било сметано дека се работи за зли жени кои по сопствениот избор или под убедување на некоја друга вештерка самостојно одбираат да се бават со злото и магијата. За магиската крема, напиток или трева со која тие стануваат вештерки<ref>Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр.79 - 81</ref> постојат многу преданија, дури и Његош во Горскиот венец низ монолиг на вештерката кажува за таа такна: “Ние имаме една трева/ во лонец ја вариме/ од лонец по ред се мачкаме/ и вештерки стануваме.” Според некои преданија од [[Херцеговина]] за изработка на волшебен крем вештерките користеле човечко [[сало]], детска [[крв]] и магиски треви. Подготвената крема ја криле мошне вешто со магија во огништето така што таа била недостапна, секоја ноќ откога ќе заспиеле домашните таа со волшебни зборови ја ваделе и сета се премачкувала со неа.
 
Се верувало дека вештерките имаат тајни места на кои одржуваат тајни состаноци, договарајќи се за следните зла или фалејќи се со стореното. Како нивните тајни места се сметале местата под оревите, крушките, гумната, бунарите, но секогаш подалеку од селото и местата каде што се движат луѓето. Вештерките поминувале низ оџаци, низ клучалки, пукнатини во ѕидови и сл. На состаноците летале со метли, а некаде се верувало дека летаат и состанчат голи. Доколку некој од домашните успее да го открие местото каде таа ја чува волшебната крема и доколку ги запомни зборовите, може да се прикраде на местото на состанокот и да ги разоткрие вештерките.
Ред 22:
Вештерките најчесто напаѓале напредни, силни деца, но неретко напаѓале и возрасни заспани луѓе. Се сметало дека таа имала способност со долгите силни нокти, или некаков метален предмет да ги отвора градите на луѓето и да го изеде нивното срце, а жртвите веднаш или наскоро починувале. Во [[Црна Гора]], Херцеговина, Западна [[Србија]] постои верување дека вештерките напаѓаат само врз сопствениот род и дека на останатите не може да им наштети. Народната поговорка ”Се нафрлил како вештерка врз својот род” го потврдува ова верување. Постоело и верување, особено во Црна Гора дека жена која сака да стане вештерка мора прво да го “изеде” сопственото дете.
Во некои краишта се сметало дека [[Очи|очите]] на вештерката имале моќ да убиваат како стрели, особено се верувало дека тие со погледот стрелаат врз луѓето на [[коњ]] ([[Срем]], Херцеговина), старите верувале дека вештерките вршеле помор на добитокот, дека се валкаале по житото мрсејќи го, се сметало дека носат градоносни облаци и силни ветрови за да им додеваат на луѓето.<ref>Гордана Стојковска, ''Речник на јужнословенска митологија'', Издавачки центар Три, Скопје, 2004 (ISBN 9989-918-97-X).</ref>
 
== Заштита од вештерките ==