Сензација (филм од 2006): Разлика помеѓу преработките

с
[проверена преработка][проверена преработка]
Така, Сондра и магионичарот започнуваат истрага, со цел да соберат докази против Лајман. Најпрвин, Сондра се запознава со него и лажно се претставува како ќерка на магионичарот кого го претставува како богат [[бизнис]]мен од [[САД]]. Таа и магионичарот се поканети на забава на имотот на Лајман и тогаш Сондра започнува да се вљубува во него. Набргу, тие започнуваат љубовна врска, но истовремено ја проверуваат неговата куќа во потрага по докази. Бидејќи доаѓаат до одредени сомнителни укажувања, тие се обраќаат до весникот „Обсервер“ кому му ја нудат сензационалната приказна, но тогаш дознаваат дека серискиот убиец е уапсен од [[полиција]]та.
 
Притоа, Сондра прави грешка и на Лајман му кажува дека го следела, мислејќи дека е сериски убиец. Истовремено, магионичарот оди во станот на една од убиените [[проституција|проститутки]], по што доаѓа до несоборливи докази дека неа ја убил Лајман. Оттука, тој вози кон имотот на Лајман за да ја предупреди Сондра, но умира во [[сообраќај]]на несреќа. За тоа време, Сондра мислејќи дека не знае да плива, Лајман ја турка Сондра во [[езеро]]то, со намера да ја убие, а потоа се јавува во полицијата и пријавува дека неговата девојка несреќно се удавила. Кога доаѓа полицијата, се појавува Сондра жива и здрава, кажувајќи му на Лајман дека е одлична пливачка.<ref>шhttp[http://www.imdb.com/title/tt0457513/?ref_=nm_flmg_wr_14 IMBd, Scoop (2006) (пристапено на 14.6.2017)]</ref>
 
== Наводи ==