Световид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
Како бог кој имал исклучителни моќи. Световид имал и повеќе функции, пред с#, неговото име потврдува дека тој го согледувал светот, вселената. Ш. Кулшиќ ја нагласува неговата хтонична и воинствена карактерност, потврда за ова го наоѓа во народната поезија каде го идентификува ‘Белиот Вид - воин кој се враќа по долго војување’ со ова прастаро божество. Световид бил идентификуван и како божество на плодноста, неговото покровителство се однесувало на аграрот и природата воопшто, но исто така и според другите автори ја делел воинствената моќ со своите верници. Оттаму и тој како и повеќето словенски божества припаѓа и на небесно божествено пространство, но во исто време е и хтонично божество кое имало моќ да ја претскажува иднината.
 
Својата посветеност и почитта кон Световид Словените ја изразувале и на тој начин што еднаш годишно во негова чест била принесувана христијанска, човечка жртва. Храмовите на Световид биле почитувани и заштитувани. Пророчиштето на Световид во Аркона било надалеку познато и словените од сите краишта носејќи жртва доаѓале да побараат помош од божеството во предвидување во важните настани. Особена почит се придавала и на жреците (свештените лица) кои можеле да ги толкуваат пророштвата [[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска, Три, Скопје,2004, стр.221 - 222]] </ref>.
 
Сакс Граматик го има опишано храмот на Световид како мошне убава дрвена градба која се крева во центар на градот: ‘почитуван е според култот, но и поради идолот кој беше сокриен во него. Надворешноста на овој храм била украсена со прекрасен грубо обработен дуборез кој претставувал најразлични предмети... Во него се влегува само низ една врата. Самиот храм е ограден со двојна ограда, надворешната ограда била покриена со црвен покрив, а внатрешна од платна кои биле прицврстени на четири колци. Во зградата беше огромен идол, многу поголем одколку во природа. Идолот имаше четири глави, на четири врата... ‘ Главите биле сместени по две напред и две на грбот, насоката на нивното гледање била во лево и десно. Ликот бил со обријано лице и ошишана коса, во едната рака имал рог направен од метали, овој рог случел за предвидувања. Во левата рака идолот имал лак спуштен низ тело. Телото на идол било покриено со мантија. Идолот бил направен од префинето изработеното дрво. Покрај идолот биле забележани и елементи кои ја карактеризираат и негова воена улога: седло, узди, меч и др. Симбол на воинствената сила на Световид бил и бел коњ, со кој се обавувале и пророштвата, особено оние врзани за воени походи.