Германија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 85:
}}
 
'''Германија''', службено '''Сојузна Република Германија''' ({{lang-de|Bundesrepublik Deutschland}}),<ref>{{наведена книга |editor=Mangold, Max |title=Duden, Aussprachewörterbuch |edition=6th6 |publisher=Dudenverlag |language= германски |isbn= 9783411209163 |pages=271, 53f}}</ref> е [[Федерација|сојузна]] [[парламентарна република]] во [[Европа]]. Државата се состои од [[Покраини на Германија|16 покраини]], додека [[главен град|главен]] и [[Список на градови во Германија со повеќе од 100.000 жители|најголем град]] е [[Берлин]]. Германија покрива површина од 357.021 км² и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и [[Список на држави по БДП (ПКМ)|најголема економија]] во [[Европска Унија|Европската Унија]]. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.
 
Регионот именуван [[Древна Германија|Германија]], населен од страна на [[Германи]]те, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на [[Голема преселба на народите|Големата преселба]], [[Германи|германските племиња]] се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на [[Европа]]. Почнувајќи од 10. век, [[Германци|германските]] територии го формирале централниот дел на [[Свето римско царство|Светото римско царство]].<ref>Латинското име ''Sacrum Imperium'' (Света империја) било документирано уште во 1157. Латинското име Свето римско царство (''Sacrum Romanum Imperium'') било првпат документирано во 1254 година. Полното име „Света римска империја на германскиот народ“ (''Heiliges Römisches Reich Deutscher Nation'') датира уште од {{римски|15} век.<br />{{наведена книга | last = Zippelius| first = Reinhold| title = Kleine deutsche Verfassungsgeschichte: vom frühen Mittelalter bis zur Gegenwart| trans_title = Кратка германска уставна историја: од раниот среден век до денес | edition= 7 | publisher =Beck| location= Минхен|language= германски|isbn= 9783406476389 |page = 25}}</ref> Во текот на 16. век, северните германски области станале центар на [[Протестантска реформација|протестантската реформација]], додека јужните и западните области останале доминантно [[Римокатоличка црква|римокатолички]], со две спротивни фракции во [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]], обележувајќи ја католичко-[[Протестантство|протестантската]] поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество.<ref name="georgetown1">{{нмс |url= http://berkleycenter.georgetown.edu/resources/countries/germany |title= Германија |work= |publisher=Berkley Center for Religion, Peace, and World Affairs |date= |accessdate=2011-12-15}}</ref> Окупирана за време на [[Наполеонски војни|Наполеонските војни]], се случил подемот на [[Пангерманизам|пангерманизмот]] внатре во [[Германски Сојуз|Германскиот Сојуз]], поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во [[Обединување на Германија|Германското царство]] во 1871, кое било предводено од [[Прусија]]. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], Царството било заменето од [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]] во 1918 и поделено со [[Версајски договор|Версајскиот договор]]. Сред [[Големата криза]], [[Нацистичка Германија|Третиот Рајх]] бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од [[Фашизам|фашизмот]] и [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, [[Источна Германија|Источна]] и [[Западна Германија]]. Во 1990, Германија била [[Повторно обединување на Германија|повторно обединета]].