Диви јагоди (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
==Содржина==
Докторот Исак Борг (го игра Сјестром) сонува чуден сон: шета по улицата на некој пуст град и гледа како поминува погребна кочија. Од кочијата испаѓа ковчегот и во него се наоѓа тој. Потоа, докторот Борг (кој има 78 години) треба да отпатува од [[Стокхолм]] во [[Лунд]], каде треба да го прогласат за почесен професор на [[Универзитет|универзитетот]]. Тој одлучува да патува со [[автомобил]], а друштво му прави неговата снаа Маријана (ја игра Тулин). Додека патуваат, таа му кажува дека го мрази, зашто тој е себичен, рамнодушен, бездушен и егоист. По патот стигнуваат до куќата во која Иак го поминал детството. Таму, во градината гледа [[Јагода|диви јагоди]] и тоа го потсетува на неговата младост. Тој се присетува на неговата љубов Сара (ја игра Андерсон), која пак е вљубена во брат му. Потоа, Исак и Маријана запознаваат тројца младинци (девојка и двајца момчиња) кои патуваат до Италија. Така, петмината го продолжуваат патот и Исак ужива во ведриот дух на младинците. На еден свиок им се случува сообраќајна незгода во која страда автомобилот на инженерот Алман. Оттука, Исак ги зема Алман и жена му, но патем, тие цело време се расправаат, па Маријана ги остава на патот.
 
 
Патувајќи кон Лунд, тие застануваат на една [[бензин|бензинска]] пумпа, каде сопствениците со восхит му се обраќаат на Исак, кој во тој крај ја започнал лекарската практика. Исак и Маријана одат во куќата во која живее мајка му на Исак - старица која имала многу деца, но сепак останала сама. Исак, Маријана и младинците продолжуваат натаму и Исак повторно сонува чуден сон: тој чукнува на портата на една куќа и му отвора инженерот Алман, кој сега е професор пред кого Исак полага испит. Исак не знае да одговори на прашањата и тогаш, полагањето на испитот се претвора во судење на кое Исак е прогласен за виновен. Кога Исак прашува "каква ќе биде казната", судијата одговара: "како и секогаш - осаменост". Затоа, Алман го носи Исак надвор во градината, каде му покажува една дамнешна сцена во која жената на Исак, Карен, извршува прељуба - сцена која своевремено со свои [[очи]] ја видел Исак. Притоа, Исак слуша како Карен зборува за него како за себичен и рамнодушен [[човек]].
Ред 12 ⟶ 11:
 
Кога пристигнуваат во Лунд, Исак е промовиран во почесен професор и тука Исак се разделува од тројцата младинци, кои му кажуваат дека е прекрасен и дека се восхитени од него. За негова среќа, Евалд и Маријана се помируваат и решаваат да продолжат заедно. На тој начин, патувањето носи големи промени за Исак: тој се чувствува среќен и ги сака луѓето кои го опкружуваат.<ref>''Антена'', број 823, 4.4.2014, стр. 18.</ref>
 
 
== Наводи ==
Ред 18 ⟶ 16:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија: Филмови на шведски јазик]]
[[Категорија: Шведски филмови]]